Бојане

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојане
Бојане во рамките на Македонија
Бојане
Местоположба на Бојане во Македонија
Бојане на интерактивна карта

Координати 42°0′0″N 21°11′35″E / 42.00000° СГШ; 21.19306° ИГД / 42.00000; 21.19306Координати: 42°0′0″N 21°11′35″E / 42.00000° СГШ; 21.19306° ИГД / 42.00000; 21.19306
Општина Coat of arms of Saraj Municipality.svg Сарај
Население 2.132 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 25013, 25513
Надм. вис. 427 м
Бојане на општинската карта
Бојане во Општина Сарај.svg

Атарот на Бојане во рамките на општината
Commons-logo.svg Бојане на Ризницата


Бојане — село во Општина Сарај, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Бојане се наоѓа на десниот брег на Вардар, во западниот дел на Скопската Котлина. Селото се наоѓа во подножјето на планината Жеден.

Историја[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век Бојане било село како дел од Скопската Каза на Отоманското Царство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бојане живееле 175 жители, сите Албанци.[2]

Како албанско село било означено и од страна на Афанасиј Селишчев во 1929 година.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 395 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 1
Албанци 2.225
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
останати 4

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Бојане има 2.132 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 1
Албанци 2.071
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 60

На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]

Година 1900 1948 1953 1961 1971 1981 1994 2002
Население 175[2] 1.128 1.207 1.195 1.306 1.579 1.910 2.230

Родови[уреди | уреди извор]

Бојане е албанско село.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ради (9 к.) они се единствениот староседелски род, со доаѓањето на Албанците во селото, они се исламизирале и поалбанчиле/измешале. Некои тврдат дека додека биле православни, овој род се викал Радевци.
  • Доселеници: Колесњан (16 к.) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од селото Колесњан во областа Љума во северна Албанија; Доми (23 к.) доселени се од местото Домни во Фанда во северна Албанија; Лески или Карач (20 к.) доселени се од селото Бицан во Љума во северна Албанија; Жугри (12 к.) доселени се од селото Дарда кое се наоѓа во областа Матија во средна Албанија; Чајон (7 к.) доселени се од местото Чаја во Љума во северна Албанија; Боди (11 к.) они потекнуваат од фисот Красниќи во северна Албанија; Речи (12 к.) и Долдур (13 к.) доселени се од местото Бице во Љума во северна Албанија; Мичи (6 к.) доселени се однекаде од северна Албанија; Рогле (10 к.) потекнуваат од фисот Круја Зи во северна Албанија; Печи (8 к.) доселени се од некое село Печи кое се наоѓало во тиранска Малесија; Ималар (7 к.) доселени се од северна Албанија; Фаризалар (10 к.) доселени се од фисот Бериш во северна Албанија; Калис или Исмаилар (6 к.) доселени се од областа Калис во северна Албанија.[6]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Иселени православни Македонци од ова село има на следните места: Мартиновци, Јанчевци, Павлевци и Николовци иселени се во селото Сиричино кај Тетово. Богојевци иселени се во селото Туденце кај Тетово.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  6. 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1949). Скопски Дервен. САНУ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]