Абдурахман Алити

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Абдурахман Алити (албански Abdurahman Aliti, Желино, Тетовско, 1945 - Тетово, 27 јуни 2013) бил македонски политичар, пратеник, правник и амбасадор на Македонија во Република Бугарија[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969 - 1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, бил отпуштен од работа. Бил водач на ПДП[2] во времето кога беше водечка партија на Албанците во Македонија. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Парламентот во 1991 година[3]. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), заедно со Тито Петковски од СДСМ и Киро Поповски од СП, бил избран за заменик-претседател во Парламентот. По долго и тешко боледување, починал во Тетово на 27 јуни 2013 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Абдурахман Алити нов амбасадор на РМ во Бугарија“. А1. 30 јуни 2005. Посетено на 2009-10-30.
  2. „ЦЕНТРАЛНО СОБРАНИЕ НА ПАРТИЈАТА ЗА ДЕМОКРАТСКИ ПРОСПЕРИТЕТ Абдурахман Алити нов водач на ПДП“. Дневник. 18 март 2006. Посетено на 2009-10-30.
  3. „АБДУРАХМАН АЛИТИ“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-10-30.
  4. Почина Абдурахман Алити (Утрински Весник)