Прејди на содржината

Желински мост

Координати: 41°59′13.4″N 21°03′35.3″E / 41.987056° СГШ; 21.059806° ИГД / 41.987056; 21.059806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Желински мост
Поглед на Желинскиот мост
Координати41°59′13.4″N 21°03′35.3″E / 41.987056° СГШ; 21.059806° ИГД / 41.987056; 21.059806
ПреминуваВардар
МестоЖелино, Тетовско
Зашт. статускултурно наследство на Македонија
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Распони4
Историја
Завршен1845
Местоположба
Карта

Желински мост — историски камен мост на реката Вардар во тетовското село Желино, прогласен за културно наследство на Македонија.[1]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Мостот е сместен на стариот главен пат од Полог за Скопје (Р1206), веднаш северно од Желино. На мало растојание североисточно е современиот мост на магистралата А2.

Историја

[уреди | уреди извор]

Изграден е во 1845 година, по нарачка на полусамостојниот управник на Полог, Абдурахман-паша.[2]

Мостот има четири полукружни лакови со димензии од 7,75 до 11,40 м. Изработен е од добро изделкани камења. Ова важи за отворите и носачите, со исклучок на носачот на десниот речен брег, кој е направен од фин камен со различна големина и облик.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
  2. Хаци Васиљевић, Јован (1938). „По Тетовској области“. Братство. Београд. XXIX: 179.
  3. Катанић, Надежда, Милан Гојковић (1961). Грађа за проучавање старих камених мостова и акведуката у Србији, Македонији и Црној Гори. Београд: Савезни институт за заштиту споменика културе. стр. 155.