Ракита
Ракита | |
---|---|
![]() Поглед на реката Ракита крај селото Вратница | |
Земја | ![]() |
Слив | |
Главен извор | Шар Планина |
Устие | Вардар |
Физички особености | |
Должина | 14[1] |
Ракита (вратнички дијалект: Раќита) — река во Полог (Долен Полог), северозападна Македонија. Се наоѓа во подножјето на планинскиот врв Љуботен, во близина на населеното место Вратница.
Ракита (позната и како Вратничка Река) е составена од две притоки: Ливадичка и Љуботенска Река. Додека Ливадичката притока се формира од изворите на областа Ливадица на Шар Планина, Љуботенска Река го започнува својот пат од многубројните извори на Љуботен. И двете помали реки се составуваат во месноста Средорек и ја формираат Ракита.
После својот тек кој поминува во близина на населените места Вратница и Орашје (Горно и Долно), Ракита се влева во реката Вардар, веднаш пред неговиот влез во Дервенската Клисура.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Природни ресурси“. Општина Јегуновце. Општина Јегуновце. Посетено на 4 февруари 2016.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Координати: 42°09′03″N 21°07′18″E / 42.15083° N; 21.12167° E