Шарски локви

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шарските локви се всушност мали езерца, кои според дефенициите за езеро не можат да се стават во таа категорија. На Шар Планина, бројот на локвите варира во зависност од временските влијанија. Но според честите испитувања и набљудувања, може да се рече дека на Шара има во просек барем 15-тина константни локви[1].

Местоположба на локвите[уреди | уреди извор]

Локвите на Шар Планина се среќаваат главно на зарамнети површини на планинското било, таму каде што има дупчести влабнатини и каде земјуштето е водозадржливо. Локвите имаат главно тркалест облик, со пречник до 50 m. Длабочината им достигнува до 1 метар. На страничните делови на планината локвите се ретки. Најпознатите локви се среќаваат кај врвовите Пирибег, Караникола, Белоезеркиот рид, Милош чобанин, Будимиров гроб, Кучибаба и Вакув. Две се кај селото Бозовце кај местото Голубарник.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Локвите немаат свои притоки, освен една локва кај Голубарник која прима вода од една разурната бразда. Тие главно водата ја примаат преку атмосферски талози. Водата најчесто се троши преку поењето на добитокот, а најретко преку испарување. Нивните басени се продлабочуваат со дејството на снегот, влијанието на ветрот и со преминување на добитокот преку нив[2].

Локви[уреди | уреди извор]

Бројот на локвите точно не е познат, но следуваат најпознатите и најголемите локви на Шара[3]:

  • Вилибешка локва -се наоѓа кај врвот Вилибег,
  • Пирибешка локва -се наоѓа кај врвот Пирибег,
  • Караниколичка -се наоѓа кај врвот Караникола,
  • Белоезерска локва -сенаоѓа кај Белоезерскиот врв.
  • Голема и Мала Милошчобаничка локва -се наоѓаат нај Милош Чобанин,
  • Кучибабска локва -се наоѓа кај врвот Кучибаба
  • Вакувска локва -се наоѓа кај месноста Вакув, источно од Кајнак,
  • Голубарничка локва -се наоѓа на местото Голубарник, кај селото Бозовце,
  • Бозовска локва, кај месното население позната и како Бозовско езеро -се наоѓа кај селото Бозовце.


Види исто така[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  2. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 59-60