Прејди на содржината

Мало Црно Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мало Црно Езеро

Карта

Површина6.700 м2
Должина175,3 м
Ширина65 м
Обем485 м
Надморска висина2.165 м
ПланинаШар Планина

Мало Црно Езеро — едно од четирите постојани леднички езера во сливното подрачје на реката Маздрача на Шар Планина, кое не се вбројувало во минатото во 27. леднички езера на самиот масив. Сместено е веднаш до Црното Езеро.

Езерото се наоѓа на надморска височина од 2.165 метри. Истото се протега во насока исток-запад.[1]

Во десниот дел се забележува Малото Црно Езеро, додека во главниот дел на фотографијата е Црното Езеро

Езерото има долгнавест облик во насока исток-запад.[1]

Мерења во 2020 г.

[уреди | уреди извор]

Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 6.700 м2, долго е 175,3 метри, широко е 65 метри и средна широчина од 38,2 метри. Должината на бреговата линија е 485 метри, додека коефициентот на разгранетост изнесува 1,67.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 3 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-01-29. Посетено на 30 јануари 2022. line feed character во |title= во положба 31 (help)