Мало Јажинско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мало Јажинско езеро)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мало Јажинско Езеро
Мало Јажиначко језеро
Координати:
Површина: м2
Должина: 43 м
Ширина: 29 м

Обем:

170 м
Длабочина: преку 3 м
Надморска висина: 2.220 м
Планина: Шар Планина


Maлото Јажинско езеро (српски: Мало Јажиначко језеро) е глацијално езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Големото Јажинско езеро ги сочинуваат Јажинските езера Името го добиле по селото Јажинце, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината[2]. Се наоѓа на 2.200 m надморска висина. Долго е 43, а широко е 29 метри. Длабоко е преку 3 метри, но само кога има висок водостој. Обемот на езерскиот брег изнесува 170 m[3]. Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. Опколено е со големи карпи. Езерото се храни со вода од внатрешни извори кои се многу студени (1°С). Во околината ила голем број на глечери кои исто така го хранат езерото со вода. Водата е бистра и проѕирна до самото дно. Интересно е тоа што ова езеро има остров, но при помал водостој станува полуостров[4].

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 50
  4. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година