Маздрача

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маздрача
Маздрача.jpg
Глетка од реката Маздрача во горното течение на падините на Шар Планина
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен изворВенец, на Шар Планина
2.250 м
УстиеВардар
470 м
Сливна повр.140 км2
Физички особености
Должина24,5 км

Маздрача — река во Македонија, лева притока на Вардар.

Хидрографски одлики[уреди | уреди извор]

Спаѓа меѓу поголемите и првите леви притоки на Вардар во Полошка Котлина[1]. Извира во месноста Венец, во јужниот дел на Шар Планина во масивот под врвовите Мала и Голема Враца, на надморска височина од 2250 метри, а се влева во Вардар наспроти село Волковија на 470 метри надморска височина[1]. Долга е 24,5 километри и има пад од 1780 метри[1]. Зафаќа сливна површина од 140 км2[1].

Течение и водостопанско значење[уреди | уреди извор]

Во своето изворишно подрачје и горно течение високо на Шар Планина, реката Маздрача, собира многу полноводни притоки како што се потоците Тиха Вода, Демирова Река на која има доста висок повремен водопад чии во значаен дел се користат во хидросистемот „Шарски води“ за напојување на мавровските и вруточки електрани, заради што во овој дел има изградено и водостан „Маздрача“. По течението со стрмен пад низ шумовиот дол на Шар Планина каде ја прима притоката Матене која истекува од Црното Езеро, излегува во Полошката котлина течејќи низ селото Неготино кое го дели на 2 дела и во кое ја прима притоката Маврица. Напуштајќи го селото Неготино во подножјето и допирот на Шар Планина со котлинското дно, реката Маздрача тече низ рамнината на Полог се до нејзината утока во Вардар. Поради полноводноста, покрај за електрична енергија, водите на Маздрача во голем обем се користат за наводнување на бројните плодни ниви во рамината на Полог на кои поради влажноста успеваат висококвалитетни пченка, грав, домат, пиперки и други градинарски култури.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 171.