Кобилица (планински врв)
| Кобилица | |
|---|---|
Поглед на врвот Кобилица | |
| Висина | 2.528 м |
| Место | |
| Венец | Шар Планина |
| Прво освојување | непознато |
Кобилица — врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри[1] и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Поврзан е со Црн Врв на североисток преку кобиличкиот премин (2.170 м), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот Вртоп.
Изглед
[уреди | уреди извор]Опишувајќи ги врвовите на Шар Планина во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Кобилица запишал дека е стрмен, совршено мазен правилен конус, до самиот врв покриен со зелени тревници[2]. Изгледот на овој врв, иако опфаќа величествен планински поглед на предели и пејзажи, не е толку значителен како од врвот Љуботен, бидејќи го ограничуваат врвовите коишто го опкружуваат[2].
Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и Тетовски Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Се гледа од Тетово и од Призрен.
Искачување
[уреди | уреди извор]Врвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед кон Кобилица
- Кобилица видена од Тетово
- Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
- Поглед на Кобилица
- Поглед на Кобилица со целит гребен од североисток
- Поглед на Кобилица, Трескавец и Љубински Уши
- Поглед на Кобилица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-06-02. Посетено на 16 јануари 2024.
- 1 2 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 36. ISBN 978-608-245-113-8.
| Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |