Езерска Река (Шар Планина)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Езерска Река | |
---|---|
![]() Течението на Езерска Река недалеку по истекувањето од Боговињското Езеро | |
Земја | ![]() |
Слив | |
Главен извор | Езерски Рид, Шар Планина |
Устие | Боговињска Река |
Сливна повр. | 72 |
Езерска Река — река во Македонија која претставува изворишна челенка од која настанува Боговињска Река. Извира од неколку помали изворчиња под Езерски Рид високо на Шар Планина, каде потоа ги собира истечните води од изворите и потоците кои истекуваат од Челепински Врв и Бело Езеро, од каде се влева и протечува низ Боговињското Езеро, по што истекува од него и продолжува да тече во источен правец сè до месноста Јаворица каде се составува со Слапска Река и продолжуваат да течат под заедничкото име Велика, а потоа и под главното име Боговињска Река.
Галерија[уреди | уреди извор]
Течението на Езерска Река до нејзиното вливање во Боговињското Езеро