Шарпланинец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шарпланинец
Шарпланинецот од Св.Јован Бигорски.jpg
Шарпланинец
Прекари Planinac
Sar
Шарко
Šarko
Sharr
Потекло Македонија Македонија
КосовоКосово
(Шар Планина)
Особености
куче (Canis lupus familiaris)

Шарпланинец (албански: Qen i Sharrit или Qeni Ilir, српски: Шарпланинац) — овчарска раса на кучe. Именуван е по планината Шара. Телото му е тешко помеѓу 55 и 70 кг. Високо е околу 75nbsp;см, а градниот обем му изнесува 120nbsp;см. Се карактеризира со добродушност, лојалност кон својот сопственик, дисциплинираност, брзина и адаптивност. Покажува голема приврзаност и трпение кон децата.

Потекло[уреди | уреди извор]

Во минатото некои научници сметале, дека шарпланинецот потекнува од Азија, но сега најраспространето е мислењето, дека роднината му е на Балканот, а поточно во планинските масиви на МакедонијаШар Планина, Кораб, Стогово, Бистра и Маврово. Шарпланинецот се прилагодил кон суровите услови на македонските планини, во кои живее со векови.

Според историските податоци се смета дека предците на шарпланинецот потекнуваат од Тибет, на падините на Хималаите. Од оваа географска територија, кучињата тргнале во бескрајно патување следејќи ги своите господари. Шарпланинецот стигнал на Балканот со војската на Александар Македонски каде и се задржал. Името го добил по планината каде и највеќе е одгледуван. Првпат изложен е во Љубљана во 1926 година[1][2].

Во 1939 година шарпланинецот е запишан под реден број 41 во списокот на Меѓународниот кинолошки сојуз (FCI), која ги регистрира сите раси на кучиња.

Особености[уреди | уреди извор]

Општи црти[уреди | уреди извор]

Македонскиот шарпланинец Корапски првак на Европа за 2008 во конкуренција од 10.000 кучиња
  • Силно, добро градено куче, со височина над средната. Покриено е со долго, густо и изразито грубо крзно. По карактер е спокојно и добродушно, но е многу силно. Верно е на господарот и е бескомпромисно.
  • Средната височина до грбот е 82 см кај мажјаците и 68 см кај женките. Средното тело на возрасен мажјак е 55 и 100 кг, а кај женките — помеѓу 45 и 92 кг.
  • Телото му е малку подолго од височината до грбот (кај мажјаците: 8-10%, а кај женките: 10-12% подолго од височината до грбот).

Глава[уреди | уреди извор]

  • Главата е пропорционална спрема размерот на телото и е долга приближно 25 см (или 40% од височината до грбот). Черепот е малку подолг од муцката, која е 58% од целата должина на главата (однос череп-муцка 58%:42%). Женските имат малку подолка муцка (однос череп-муцка 57%:43%).
  • Предната страна на главата (черепот) е широка, со испакната централна линија. Погледната озгора, малку е испакната и заоблена.
  • Областа помеѓу муцката и черепот (близу до очите) не е испакната.
  • Муцката е пократка од черепот, која во основата е поширока и постепено се губи кон врвот (носот). Ноздрите се правилни и широки. Профилот на долната челуст започнува со долга, права линија.
  • Носот е широк, со црн пигмент.
  • Усните се умерено полни, од која горната се издига над долната.
  • Забите се 42 на број.
  • Очи бадемови, темно или светлокафеави. Веѓите, како и носот, се обоени со црн пигмент.

Врат[уреди | уреди извор]

Профилот на вратот е рамен или малку испакнат во горната страна и е малку над линијата на грбот. Вратот е средно долг, но поради густото крзно, кое го покрива, изгледа пократок и поширок. Поврзувачките точки меѓу телото и главата не се гледаат. Кожата не е обесена, а крзното е густо, долго и руновито, кое на вратот прави гриво.

Тело[уреди | уреди извор]

  • Општ опис: профилот на горната страна на телото е прав или лесно издигнат. Телото е малку подолго од височината на грбот.
  • Рбетниот столб е малку испакнат и широк, а врската со врата е незабележителна.
  • Грбот е рамен и широк, не много долг. Страната на слабините е коса, широка и мускулеста.
  • Градите се широки и мускулести, имаат средна должина, а долната страна им стига до нивото на колената. Градниот обем е најмалку 20% подолга од височината до грбот.
  • Стомакот е стегнат и мускулест, во профил се издига назад.

Опашка[уреди | уреди извор]

Опашката му е долга и достигнува до шепите. Во основата опашката е доста дебела, која постепенно се стеснува кон врвот. Покриена е со густо крзно, кое од долната страна е подолго. Опашката, кога е дигната, има форма на лак. Повеќето кучиња си ја завиваат опашката нагоре.

Предни нозе[уреди | уреди извор]

Височината на долната страна на предните нозе до коленото е 55% од височината до грбот. Плешките се долги и широки, сврзани со градниот кош, лесно наклонети спрема хоризонталната коска под агол од 65°. Горната страна на предните нозе е мускулеста и е под поостар агол од плешките: 55° спрема хоризонталната коска. Аголот на коленото (меѓу горната страна на ногата и шепара) е околу 145°.

Шепите се силни и широки, озгора лесно подвиткани, оздола испакнати, а ноктите се здрави со црн пигмент.

Задни нозе[уреди | уреди извор]

Горната страна на задните нозе е мускулеста, со силно заоблена мускулна структура. Пределот на коленото е поотворен отколку кај предните нозе: приближно 125°. Коленото е здраво и широко. Долната страна на задните нозе е цела со силна мускулатура.

Скакателната става е широка и отворена под агол од околу 130°. Горниот дел на задните шепи е малку повеќе накосен отколку кај предните шепи.

Кожа[уреди | уреди извор]

Кожата е средно дебела, кукулеста и истегната по телото. Сите видливи делови на кожата и лигавица се обоени со темен или црн пигмент.

Бои[уреди | уреди извор]

Шарпланинецот е еднобоен, со различни нијанси од бело до темносиво, наместа и црно. Доминантната боја е поинтензивна во горната страна на главата, вратот и грбот. Од долната страна на телото бојата постепено избледнува до посветли нијанси — бледо сиво или жолтеникаво во долните страни на нозете.

Тело[уреди | уреди извор]

Мажјаците тежат околу 55–70 кг, а женките 45–60кг.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Меѓународен кинолошки сојуз: Official FCI-Standard N° 41 Архивирано на 19 април 2012 г., Published 24 ноември, 1970.
  2. United Kennel Club: Official U.K.C. Breed Standard Архивирано на 27 декември 2007 г., Revised 1 април, 1998.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]