Бело Езеро (Шар Планина)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Бело Езеро | |
---|---|
![]() | |
Координати: | |
Површина: | 18.000 м2 |
Должина: | м |
Ширина: | м |
Обем: |
540 м |
Длабочина: | м |
Надморска висина: | 2.280 м |
Планина: | Шар Планина |
Белото Езеро е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро[2]. Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Се наоѓа на 2.280 m надморска висина. вкупниот обем му изнесува 540 метри и има елипсовидна форма. Има површина од 18.000 m²[3]. Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта. Во езерото се вливаат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Еден поток се одлева и се влива во Боговињска Река. Езерото е постојано, не пресушува. Водата е кристално чиста[4].
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Црно Езеро
- Боговињско Езеро
- Бориславец (Брустовец)
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 53-54
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година