Мал Ѓол
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Мал Ѓол | |
---|---|
![]() | |
Координати: | |
Површина: | 8.240 м2 |
Должина: | 115 м |
Ширина: | 102 м |
Обем: |
313 м |
Длабочина: | 0.80 м |
Надморска висина: | 2.300 м |
Планина: | Шар Планина |
Мал Ѓол (познато и како Мало или Горно Караниколичко Езеро) е второто езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е мало ледничко езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 m надморска висина, непосредно веднаш на запад над Караниколичко Езеро во вдлабнатина (цирк) под врвовите Скарпа и Гури Шереметица. Басенот му е карпест и има крушковидна форма. Површината околу езерото е ливадеста. Долго е 115, а широко е 102 метри. Вкупниот обем му изнесува 313 m и има површина од 8.240 m². Длабоко е 0,80 метри. Се карактеризира со бистра вода, но на дното е матна. иако нема приливи, езерото никогаш не пресушува. Кога има голем водостој водата се одлива преку карпесто влабнатото корито.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 52