Горно Врачанско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горноврачанско езеро
Горно Врачанско Езеро 02.JPG
Координати: /
Површина: 1256 м2
Должина: 40 м
Ширина: 40 м

Обем:

126 м
Длабочина: 2,10 м
Надморска висина: 2.182 м
Планина: Шар Планина

Горноврачанското езеро е глацијално - ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина.

Местоположба и одлики[уреди | уреди извор]

Глетка од Горното Врачанско Езеро

Заедно со Долноврачанското езеро ги сочинуваат Врачанските езера. Се наоѓа на превојот помеѓу врвовите Голема и Мала Враца, веднаш на самото подножје под стрмната северна падина на Мала Враца. Ова езеро било безимено, но Душко Кривокапиќ го нарекол горно, бидејќи се наоѓа на поголема надморска висина од долното[2]. Се наоѓа на 2,182 m надморска висина. Езерото лежи во длабодолинка на североисточната страна на Белокаменскиот гребен[3]. Басенот му е тркалест и карпест, со пречник од 40 метри. И покрај тоа што не е големо езерото има длабочина од околу 2 метри.[4]. Поточно, Горното Врачанско Езеро зафаќа површина од 1256 м2 со должина и широчина од 40 метри, 126 метри должина на брегот и најголема длабочина од 2,10 метри[5]. Се одликува со голема бистрина на водата, која поради карпестата околина на езерото погледнато од повисоко на изглед често му дава сребрено сива боја, поради што за туристичко-промотивни цели тоа може да се именува и како Сребрено Езеро . Неговото дно на северниот тревнат брег е тињесто, додека на западниот карпест брег дното е каменесто, подлабоко и со побистра вода. Длабочината нагло се зголемува под високите карпи над западниот брег. Веднаш под самото езеро постои помало езерце со камено дно кое што е непосредно поврзано со директна истека на водата. Самото езеро е воедно и извор од кој истекува шарскиот поток наречен Тиха Вода кој протеку во долот помеѓу гребените на врвовите Голема и Мала Враца, го исполнува Долното Врачанско Езеро и како лева изворишна челенка се влева во реката Маздрача. Веднаш над самиот западен брег на езерото, на помалку од педесетина метри минува линијата на државната граница.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни видеоснимки
Сребреното Горно Врачанско Езеро
Аматерската снимка „Сребреното Горно Врачанско Езеро“ од 2015 година од серијалот „Уживај во Македонија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  3. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
  4. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 59
  5. Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.