Бакардан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бакардан
Бакардан (Шар Планина) 07.jpg
Поглед на Бакардан од Титов Врв
Висина 2.704 метри.
Местоположба Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато
Најлесна патеказимска патека: Попова Шапка - пл.дом „Смрека“ - Син Врв (продолжува кон Титов Врв)

Бакардан — планински врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.704 метри, со што тој претставува втор највисок врв на планината[1].

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се одделува од главниот шапланински срт на протегања и кој започнува од врвот Мал Турчин и од Титов Врв се надоврзува на Бакардан, продолжувајќи до Син Врв и Церипашина до над Попова Шапка. Врвот се издигнува високо над стрмните долини на Горна Лешница на север и пространите долови и висорамнини Казани и Вакаф на исток и Карабунар на југ, додека на запад преку планинско седло високо 2499 и 2551 метар надморска височина е директно поврзан со највисокиот шарски врв Титов Врв. Шар Планина има 3 врва над 2700 m, и тоа највисокиот – Титов Врв, со 2748 m, потоа Бакрдан со 2704 m и Мал Турчин, со 2702 m, при што трите врва се поставени во вид на триаголник, меѓусебно раздалечени само 1-1,5 km[1].

Глетка од врвот[уреди | уреди извор]

Со својата височина и средишна поставеност, од врвот Бакардан се пружа извонредна глетка на целото протегање на Шар Планина со сите нејзини врвови од Љуботен и Пирибег најнасевер, масивот со врвовите Кобилица, Шилиџе, Вртоп, пределот на Караникола, масивот на највисоките врвови - т.н. „шарска круна“ со Титов Врв и Мал Турчин на запад, Попова Шапка и целата котлина Полог на исток и високите врвови Бориславец, Рудока, Голема и Мала Враца на југ. На вердо и убаво време, најдалечната глетка од врвот Бакардан ги опфаќа и Кораб со Дешат на југозапад, Пелистер и Ниџе на југ, Мокра и Солунска Глава на исток, Жеден на североисток и Пирин во најкрајната далечина на исток.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Милески, Ивица (01 февруари 2018). „Колку високи врвови (над 2000 m) има Шар Планина?“. ИГЕО Портал. конс. 06 февруари 2018.