Горно Доброшко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горнодоброшко езеро
Горно Доброшко Езеро.jpg
Координати: 42°08'42.0" СГШ 21°00'34.1" ИГД
Површина: 1.200 м2
Должина: 32 м
Ширина: 50 м

Обем:

125 м
Длабочина: 1.50 м
Надморска висина: 2.440 м
Планина: Шар Планина


Горнодоброшкото езеро е глацијално езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Заедно со Долнодоброшкото езеро ги сочинуваат Доброшките езера Името го добиле по селото Доброште, кое се наоѓа веднаш под нив на самото подножје на планината[2]. Се наоѓа на 2.440 m надморска висина, во вдлабнатина (цирк) веднаш во подножјето на Езерски Врв. Долго е 32, а широко е 50 метри, додека вкупната должина на неговите брегови изнесува 125 метри[3]. Длабоко е преку 1,5 метри. Има површина од 1.200 m²[4]. На средината на северниот брег има мало вдлабнување во вид на полуостровче, кое на тркалезниот облик на целото езеро му дава изглед на срце или јаболко.

Поглед на Горното Доброшко Езеро

Се наоѓа на карпест басен, речиси без никакво зеленило. По дното забележлив е наносот. Езерото е постојано -не пресушува, но преку летото опаѓа за половина метар, бидејќи пресушуваат поточињата што се влеваат во него.[5]. Се одликува со многу бистра и студена вода, чија проѕирност се должи на протечноста на водата која се влева и истекува од него како и од каменестата околина и дно. Веднаш над него извира и низ него протекува изворишниот дел на потокот наречен Езерска Река која е изворична челенка од која се составува реката Габровница. На ливадата веднаш до самото езеро, се поставуваат шаторите од кампот за првото ноќевање на Западната македонска планинарска трансферзала „Љуботен - Охрид“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  3. Стојмилов, Александар (2011) (на македонски). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208. 
  4. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 50
  5. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година