Гиноводно Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гиноводно
Координати:
Површина: 12.740 м2
Должина: 109 м
Ширина: 55 м

Обем:

м
Длабочина: 0.80 м
Надморска висина: 2.260 м
Планина: Шар Планина

Гиноводно е глацијално езеро[1] едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа длабодолинка на западниот дел на Црноезерскиот врв на 2,260 m надморска висина. Долго е 109, а широко е 55 метри. Има површина од 12.740 m². Длабоко е 0,80 метри[2]. Орабено е со чист ливадски простор. Во езерото влегува поток, којшто предходно ја прима водата од неколку потоци. Има одлив од само еден поток, кој потоа понира. Бреговите му се чисти и целосно затревени. Се вбројува меѓу најпривлечните на Шар Планина.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 57
  3. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година