Пирибег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пирибег
Пирибег (Шар Планина) МК.jpg
Поглед на врвот Пирибег
Висина 2.524 метри
Местоположба Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Пирибег (или често именуван и како Куќиногледски Врв) е планински врв на Шар Планина, во северо-западниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.524 метри.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Глетка на врвот од билото под Доброшки Врв

Се наоѓа на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница, при што тој претставува трет врв по шарпланинското било. Од западната страна на врвот се наоѓа ски центарот Брезовица на Косово од каде што води жичарница која доаѓа до самиот врв како и патека за искачување од планинарскиот дом „Стојкова Куќа“. На источната страна се изворите на Беловишка Река која ги формира едни од најимпозантните водопади на Шара. Врвот се наоѓа во близина на врвовите Ливадица и Љуботен и Ливадичкото Езеро и има пристап од планинарскиот дом Љуботен. Пирибег претставува вториот најистакнат врв на главниот шарпланински срт и според него е именуван и целиот предел на билото кој започнува на североисток од превојот под Љуботен и Козја Стена со врвот Ливадица, а завршува на југозапад со Куќиногледски Врв од каде се спојува со следниот предел на билото наречен Езерско кој ги опфаќа врвовите Езерска Чука и Езерски Врв.

Во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров, набројувајќи ги подгоријата (пределите) по главното било и срт на Шар Планина, овој предел погрешно го нарекол со името Терибег[1]. Понатаму, детално опишувајќи го протегањето на главното шарпланинско било и срт запишал дека Езерце Планина со врвот Шилегарник и Голина со истоимениот врв го сочинуваат гребенот кој го соединува Љуботен со Шар[1], од што може да се заклучи дека друго име со кое се именувал овој врв и предел денес познат како Пирибег на крајот на XIX век било - Голина.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски. уред. Материјали по изучувањето на Македонија (2016 издание). Скопје: Единствена Македонија. стр. 30-31. ISBN 978-608-245-113-8.