Бозовачко Eзеро
Бозовачко Езеро Бозовска Локва | |
Површина | 287 м2 |
Должина | 39,9 м |
Ширина | 10,2 м |
Надморска висина | 2.107 м |
Планина | Шар Планина |
Бозовачко Езеро (или Бозовачка Локва) — најмало ледничко езеро на Шар Планина, кое не се вбројувало во минатото ниту во 27. леднички езера на самиот масив, туку како дел од Шарските локви.
Езерото се наоѓа северозападно од Бозовце на надморска височина од 2.107 метри. Истото се протега во насока југозапад-североисток.[1]
Одлики[уреди | уреди извор]
Хранењето на езерската вода се врши со топење на околните мразници. Од ова езеро нема постојана истека, односно празнењето се врши со испарување на водата.[1]
Мерења во 2020 г.[уреди | уреди извор]
Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 287 м2, долго е 39,9 метри, а широко е 10,2 метри.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „СТУДИЈА ЗА ВАЛОРИЗАЦИЈА НА ШАР ПЛАНИНА“ (PDF). Министерство за животна средина. 2020. Посетено на 29 јануари 2022. line feed character во
|title=
во положба 31 (help)