Големо Езеро (Шар Планина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големо езеро
Координати:
Површина: м2
Должина: 95 м
Ширина: 55 м

Обем:

м
Длабочина: 2 м
Надморска висина: 2.400 м
Планина: Шар Планина

Големо Езеро е глацијално езеро[1] и едно од 27-те езера на Шар Планина. Се вика Големо, бидејќи е сосед на малото, иако името не му одговара поради тоа што пресушува[2]. Се наоѓа на околу 2,400 m надморска висина. Во нормални околности долго е 95, а широко е 55 метри. Длабоко е 2 метра. Преку лето редовно се суши и се намалува за околу две-третини, а во големи суши и целосно[3]. Се наоѓа на ливадест предел. Водата ја акумулира исклучиво од атмосферските врнежи и топење на снегот. Езерото е нечисто и има матна вода.[4].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
  2. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 51
  4. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година