Долно Врачанско Езеро
Долноврачанско езеро | |
---|---|
![]() | |
Координати: | |
Површина: | 625 м2 |
Должина: | 25 м |
Ширина: | 25 м |
Обем: |
75 м |
Длабочина: | 2,5 м |
Надморска висина: | 2.170 м |
Планина: | Шар Планина |
Долноврачанското езеро е ледничко езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина.
Местоположба и одлики[уреди | уреди извор]
Заедно со Горноврачанското езеро ги сочинуваат Врачанските езера. И ова езеро како горното било безимено, но Душко Кривокапиќ го нарекол долно, бидејќи се наоѓа на пониска надморска висина[2]. Се наоѓа на 2,170 m надморска висина. Езерото лежи во длабодолинка, односно мал но длабок цирк, на североисточната страна на Белокаменскиот гребен[3], непосредно под самиот врв Мала Враца. Басенот му е тркалест со изразито карпесто-каменесто дно, со пречник од 25 метри и со длабочина од нешто повеќе од еден метар[4]. Според податоците на македонскиот географ Александар Стојмилов, Долното Врачанско Езеро зафаќа површина од 625 м2 со должина и широчина од 25 метри, 75 метри должина на брегот и најголема длабочина од 0,50 метри[5]. Всушност точната длабочина на Долното Врачанско Езеро изнесува нешто повеќе од 2,50 метри и претставува едно од подлабоките езера на Шар Планина. Исклучително големата длабочина се должи на длабочината на циркот во кој е насобрана водата која дотекува и истекува од потокот Тиха Вода. Непосредно веднаш на запад постои уште еден длабок цирк (вдлабнатина) која што е сува бидејќи во неа не дотекува вода. Податоците во научната литература, се однесуваат всушност на блиската и соседна локва оддалечена на 50 метри, која е погрешно идентификувана како Долно Врачанско Езеро, а самото ова езеро е исто така погрешно именувано како Горно. Се одликува со многу бистра и извонредно студена вода која што поради исклучиво тревнатите брегови и непосредна околина, како и каменото дно и самата длабочина на езерото му дава многу убава и привлечна темно зелена и синкава боја, поради туристичко-промотивни цели тоа може да се именува и како Смарагдно Езеро . Водата ја добива преку влевање на мал слап (водопад) од истекот од горното езеро и се одлива исто така преку истек кој како поток под името Тиха Вода тече во долот помеѓу врвовите Голема и Мала Враца и како лева изворишна челенка се влева во реката Маздрача. Дотекувањето и истекувањето на водата, големата длабочина и близината на силните извори прават езерото да има исклучително студена вода. Блиску под езерото се наоѓа бачило, чиј добиток често се напојува од езерските води.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Долно Врачанско Езеро | |
![]() |
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 58
- ↑ Стојмилов, Александар (2011). Географија на Република Македонија. Скопје: Универзитет за туризам и менаџмент. стр. 208.