Мал Турчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мал Турчин

Глетка од врвот Мал Турчин
Висина &100000000000027020000002.702 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Мал Турчин или само Турчин е планинскиот врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.702 метри, со што тој претставува трет највисок врв на Шар Планина. Се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина на огранката која што се одделува од главното било и срт од врвот Трапезница над изворите на реката Пена протегајќи се по нејзината десна страна сè до излезот во Полог кај Тетово. На истиот срт, веднаш непосредно на само 1 километар (887 м. права воздушна линија) на север од Мал Турчин се наоѓа Титов Врв, највисокиот врв на Шар Планина. До врвот може да се пристапи преку доброобележаните патеки кои од Попова Шапка водат за Титов Врв преку Церипашина и Бакардан или преку Вакуфска патека. Многу тешко и опасно е искачувањето од страната на изворите на реката Пена и гребенот Крива Шија, каде што теренот е многу стрмен и карпест со ситен растресит сипар.

Галерија[уреди | уреди извор]