Долно Блатешко Езеро
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Долно Блатешко езеро Доње Блатештичко језеро | |
---|---|
Координати: | |
Површина: | м2 |
Должина: | 32 м |
Ширина: | 13 м |
Обем: |
78 м |
Длабочина: | 0,60 м |
Надморска висина: | 2.160 м |
Планина: | Шар Планина |
Долното Блатешко езеро (српски: Доње Блатештичко језеро) е глацијално езеро[1] и едно од 27-те на Шар Планина. Се наоѓа кај Блатешкиот цирк. Заедно со Горното Блатешко езеро ги сочинуваат Блатешките езера[2]. Се наоѓа на 2.160 m надморска висина. Долго е 32, а широко е 13 метри. Длабоко е 60 cm. Вкупниот обем му изнесува 78 m[3]. Езерото се храни со вода од понорите на Горното езеро. Водата на ова езеро е кристално чиста[4].
Види исто така[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina.
- ↑ Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово
- ↑ Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр 48
- ↑ Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 година