Шарски Води (велосипедизам)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шарски Водивелосипедска патека и настан - маратон кој се наоѓа и одржува на Шар Планина на потегот од Попова Шапка до Вруток . Велосипедскиот маратон го носи називот Шарски Води токму поради трасата на движење која поминува по доводот “Шарски Води”, мрежа на канали и цевковод кои ги собираат водите од Шар Планина[1]. Настанот има бројни учесници од Македонија и странство со што има меѓународен карактер, а се одржува во досега од повеќе од 10 години при што секоја година се организира во последниот викенд на месец јуни од страна на ДПС „Трансверзалец“.

Патека[уреди | уреди извор]

Патеката се протега од туристичкиот центар Попова Шапка кон југ по трасата на цевководот и тунелите на хидро-системот „Шарски Води“ сѐ до селото Вруток крај изворите на Вардар, речиси целосно по земјена планинска подлога. Низ годините на одржувањето на маратонот рутата претрпувала и измени при што некои години опфаќала различни завршетоци како Бунец кај Маврово или пак с. Печково (во 2019), а при секое одржување редовно има подолга (98 / 106 km) и пократка рута (75 km).

Во 2016 година, стартот на маратонот бил поставен на паркингот под планинарскот дом Смрека за разлика од претходните години кога Стартот бил пред планинарскиот дом Смрека[1]. Измената во трасата била во дополнителните 8 км возење низ населбата Попова Шапка и околу врвот Попова Шапка кон Јелак. Патеката потоа продолжува под врвот Церипашина, Антени, месноста Вакаф, Карабунар каде се врти лево кај кт.1. Оттука започнува спустот со должина од 3.6 км и висинска разлика од 750 м. Спустот е прекрасен и адреналински, полн со предизвици, единствен поглед кон врвот Бориславец (2675 м.н.в.), Полог и речиси половина Македонија. Следува големиот тунел со неколку вирови од вода, тунелот не е осветлен па се вози во темница, при што учесниците кои немаат челна батериска имаат чуство дека се вози со чамец. Од тунелот се излегува на безброј лединки со шарпланински диви јагоди и десетина водостани со слапови и мали каскади. Од тука патеката продолжува крај планинарскиот дом „Шарски Води“, водостанот „Маздрача“ и езерото на Градец и минува по мала афалтирана делница кај с.Горно Јеловце, повторно продолжува по земјен и пак по малку асфалтиран дел во селото Дуф каде полесно се искачиува многу големата стрмнина на сифонот на цецководот. На контролната точка бр.4 е делењето на малиот и големиот маратон. Оттука, патеката на големиот маратон продолжува сѐ до Бунец на патот за Маврово и од тука по стариот (делумно) калдрмисан пат преку Влаиница се спушта по стрмен спуст преку селото Речане до Вруток. Големиот маратон 98 км + 8км околу Попова Шапка прерасна во 106км. Малиот маратон од 75км + 8км околу Попова Шапка прерасна во 83км.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Шарски Води 2016“. ДПС „Трансверзалец“. 26 јуни 2016. Посетено на 24 Јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)