Горно Јеловце
Горно Јеловце | |
![]() Поглед на Горно Јеловце | |
Координати 41°48′25″N 20°47′22″E / 41.80694° СГШ; 20.78944° ИГДКоординати: 41°48′25″N 20°47′22″E / 41.80694° СГШ; 20.78944° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07023 |
Надм. вис. | 1313 м |
![]() |
Горно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Јеловце живееле 710 жители, од кои 390 Македонци и 320 Албанци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Јеловце имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Горно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Јеловце живеат само 2 жители, Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 710 | 520 | 238 | 275 | 197 | 0 | 0 | 2 | 2 | 2 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови[уреди | уреди извор]
Горно Јеловце е македонско село.
Родови во селото се: Радевци (4 к.), Цопаковци (6 к.), Царуски (10 к.) доселени се од селото Ничпур, Горна Река; Дудевци (4 к.) и Буревци (4 к.) доселени се од селото Реч, Горна Река; Сурлевци (6 к.) доселени се од селото Штировица, Горна Река; Кекеревци (3 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Фенчевци (4 к.) доселени се од некое село во Полог.
Помуслиманен македонски род: Ковачевци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија, таму предците им биле православни.
Албански род: Мерсимовци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија.[10]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долно Јеловце.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви[13]
- Црква „Св. Атанасиј“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Мина“ - главната и единствена црква на Горнојеловскиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Будимиров Гроб — средновековна некропола;
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 124 – 125.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 25.
- ↑ „Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови“. Архивирано од изворникот на 2008-09-15. Посетено на 2019-05-10.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 237-238-239.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Горно Јеловце кани амбасадори[мртва врска] (Дневник, 26.05.2010)
- Крштавка по половина век во Горно Јеловце (Утрински Весник, 12.05.2010)
- Традиција на сучење на врвката за Водици во Горно Јеловце Архивирано на 4 март 2016 г. (Kiss TV, 13.01.2013)