Здуње (Гостиварско)
Здуње | |
Поглед кон Здуње | |
Координати 41°47′39″N 20°52′32″E / 41.79417° СГШ; 20.87556° ИГДКоординати: 41°47′39″N 20°52′32″E / 41.79417° СГШ; 20.87556° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 2140 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 07037 |
Надм. вис. | 548 м |
![]() |
Здуње — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар. Поради близината до својот град, се смета и за негово предградие. До 2004 година, селото е дел од поранешната Општина Вруток.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во Северозападна Македонија на десната страна на реката Вардар и практично е приградска населба на Гостивар.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Здуње живееле 485 жители, од кои 300 Турци, 120 Албанци и 65 Македонци.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долнени имало 64 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[1]
Здуње е најголемото село, коешто во 1961 година имало 890 жители, а во 1994 година 1.632 жители, од кои 329 Македонци, 619 Албанци, 676 Турци, 7 Роми и 1 останат.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.140 жители,[2] од кои 467 Македонци, 998 Албанци, 659 Турци, 1 Србин и 6 останати, и претставува голема населба.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[3]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 731 |
1953 | 133 | 516 | 205 | — | — | 3 | — | — | 858 |
1961 | 132 | 233 | 516 | — | — | 6 | — | 3 | 890 |
1971 | 153 | 226 | 722 | — | — | 10 | — | — | 1.111 |
1981 | 133 | 251 | 708 | — | — | 5 | — | 19 | 1.116 |
1994 | 329 | 619 | 676 | 7 | — | — | — | 1 | 1.632 |
2002 | 467 | 998 | 659 | — | — | 1 | — | 6 | 2.140 |
Родови[уреди | уреди извор]
Здуње е мешано село.
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Македонски
- Аризевци (8 к.) доселени се од некое село во Порече. Многумина ги сметаат за најстар род во селото.
- Јаковчевци (5 к.) доселени се од селото Горна Бањица. И они се стари доселеници.
- Премчевци (1 к.) доселени се од селото Печково.
- Бојовци (1 к.) доселени се однекаде.
- Јаковлевски (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму се викале Чавдаровци. И во Пожаране биле доселени. Они потекнуваат од предок Влав.
Турски
- Бандевци (17 к.) доселени се однекаде. Они се многу стар доселенички род.
- Нуиовци (4 к.) доселени се од Анадолија.
- Куртишовци (7 к.) они се од право турско потекло.
- Ѓор Гулевци (15 к.) наведуваат дека се од турско потекло.
- Ќуфалевци (28 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Основачот на родот бил Албанец. Но сега зборуваат турски. Они се најстар муслимански род во селото, доселени се во XVIII век.
- Гафур (1 к.) доселени се од Бањица, зборуваат турски. А доселени се од Албанија.
- Цабир (1 к.) доселени се од селото Врапчиште. Подалечно потекло од Албанија.
Албански
- Чајани или Ќајалари (18 к.) доселени се од Љума во Албанија.
- Казовци (9 к.) доселени се од Албанија или од Дебарско.
- Акик Река (1 к.) доселени се од Горна Река.
- Азир (1 к.) доселени се од Мало Турчане. А таму од Албанија.
- Дурмишовци (1 к.) доселени се од Вруток. По женска линија се Македонци.[4]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 531 и 531/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.634 гласачи.[6]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Хади Незир (р.1952), македонски политичар, пратеник и член на ДПТМ
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во селото постои фудбалскииот клуб Слога кој моментално е неактивен. Последен пат се натпреваруваше во општинската лига на Гостивар во сезоната 2015/16 кога заврши на третото место. Најголемиот успех го постигна во сезоната 2011/12 кога за првпат играше во третата лига Запад, но се откажа на полусезона.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
![]() |
„Здуње (Гостиварско)“ на Ризницата ? |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.