Чајле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Чајле
Чајле во рамките на Македонија
Чајле
Местоположба на Чајле во Македонија
Чајле на интерактивна карта

Карта

Координати 41°48′15″N 20°55′53″E / 41.80417° СГШ; 20.93139° ИГД / 41.80417; 20.93139Координати: 41°48′15″N 20°55′53″E / 41.80417° СГШ; 20.93139° ИГД / 41.80417; 20.93139
Општина Гостивар
Население 1.236 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1243
Шифра на КО 07087
Надм. вис. 994 м
Чајле на општинската карта
Чајле во Општина Гостивар.svg

Атарот на Чајле во рамките на општината
Commons-logo.svg Чајле на Ризницата


Чајле — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Горни Полог, северозападна Македонија, на десниот брег на Вардар и практично е приградска населба на Гостивар.

Историја[уреди | уреди извор]

Кон крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Гостиварската каза на Отоманското Царство.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.224—    
19531.448+18.3%
19611.681+16.1%
19712.061+22.6%
19813.166+53.6%
ГодинаНас.±%
19912−99.9%
19942.674+133600.0%
20023.070+14.8%
20211.236−59.7%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чајле живееле 549 жители, од кои 355 Албанци и 194 Македонци.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 120 куќи и 686 жители, Албанци и Македонци.[3]

Чајле е најголемо село во Гостиварско и Полог, коешто во 1961 година имало 1.681 жител, од кои 288 Македонци, 1.380 Албанци, 7 Турци и 6 останати. Во 1994 година бројот се зголемил на 2.674 жители, од кои 2.672 Албанци и 2 останати.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3.070 жители, од кои 1 Македонец, 3.028 Албанци, 3 Турци и 38 останати.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.236 жители, од кои 3 Македонци, 1.161 Албанец и 72 лица без податоци.[5]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 1.224
1953 284 1.157 2 1 ... 4 1.448
1961 288 1.380 7 ... ... ... 6 1.681
1971 82 1.968 ... ... 2.061
1981 191 2.955 10 3 ... 7 3.166
1991 0 2 2
1994 2.672 ... 2 2.674
2002 1 3.028 3 38 3.070
2021 3 1.161 72 1.236

Родови[уреди | уреди извор]

Чајле е македонско-албанско село.

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

Македонски

  • Доселеници: Смилковци или Лифуровци (10 к.) најстари доселеници. Они се основачи на денешното село. Доселени се од Крушевско. Основачот на родот бил Аврам, за кој населението на овој род мисли дека бил Влав по потекло. Го знаат следното родословие: Диле (жив на 72 г. во 1947 година) Мерџан-Трпе-Миленко-Смилко-Аврам, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Романија (едно семејство) и во Франција (едно семејство); Караџовци или Катранџии (10 к.) доселени се од некое место во Албанија. П. Јовановиќ слушал за нив дека се доселени од Љура во северна Албанија. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Сушица; Стојчевци или Туљаковци (12 к.) доселени се од Албанија. П. Јовановиќ слушал дека се доселени од Чаје во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Стојан (жив на 65 г. во 1947 година) Кузман-Митре-Илија-Стојче, основачот на родот кој се доселил. Имаат иселеници во Романија (две семејства), Смедерево (едно семејство), Ковин (едно семејство) и во Стари Бечај (едно семејство); Јанкуловци или Гоџомаровци (7 к.) последни македонски доселеници во селото кои се доселиле од селото Волче во Порече. Се доселил основачот на родот, Јанкула. Во селото Волче имаат роднини. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).

Албански

  • Доселеници: Корби (39 к.) доселени се од некое село во околината на Пешкопеја. Според П. Јовановиќ доселени се од областа Матија во северна Албанија. Корби се првите албански доселеници во селото. Го знаат следното родословие: Шабан (жив на 70 г. во 1947 година) Исо-Селим-Алија, кој се доселил; Љурци (28 к.) доселени се од Љура во северна Албанија. Овде се доселиле како католици, и ја промениле верата во муслиманска; Алмете (17 к.) доселени се од Матија во северна Албанија; Зогеј (14 к.) доселени се од Хас во северна Албанија; Калишта (13 к.) доселени се од селото Калишта во Матија во северна Албанија; Кете (6 к.) по потекло се од Матија. Овде се доселиле од селото Симница, каде имале истоимени роднини. А роднини имаат и во селото Беловиште, таму наречени исто така, Кета; Ељмаз (1 к.) доселени се од Струшко; Адиље (2 к.) доселени се од селото Ѓургевиште; Шабан (1 к.) основачот на родот е дојден како домазет од селото Балин Дол; Фератовци (2 к.) доселени се од селото Речане; Ќајил (1 к.) доселени се од селото Страјане; Сабри (1 к.) доселени се од Долна Ѓоновица; Дино (1 к.) родот го основал домазет од селото Добри Дол.[7]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

noform
Селската џамија во Чајле

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 404, 405, 406, 406/1 и 2975 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и простории на џамијата старо чајле.[8]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.259 гласачи.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта[10]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.26.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име makstat.stat.gov.mk.
  7. Трифуноски, Јован Ф. (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  8. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  9. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  11. Јорданов, Јордан (2001). Во фокусот на граѓанската војна: размислувања, забелешки и сознанија. Штрк.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]