Руфи Османи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Руфи Османи (албански: Rufi Osmani; Чајле, Гостиварско, 20 август 1960) е македонски политичар, универзитетски професор, и лидер на Националната демократска преродба.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Османи е роден на 20 август 1960 година во гостиварското село Чајле. Студиите ги завршил на Економскиот факултет при Приштинскиот Универзитет во 1983 година. Во 2002 ги завршил постдипломските студии и стекнал звање Магистер на економски науки. Во јануари 2005 година докторирал на тема “Компаративна анализа на соработката на Албанија и Македонија со Меѓународниот фонд и Светската банка” и се стекнал со титулата Доктор по економски науки. Во 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, а две години подоцна ја напуштил пратеничката функција, бидејќи се кандидирал, а подоцна и бил избран за Градоначалник на Општина Гостивар[2]. Функцијата со прекини ја вршел до април 1997 година. По цели 6 месеци институционално-демократски отпор во функција на легализирање на албанското знаме, за време на девето-јулски настани од 1997 година бил уапсен, а потоа осуден со 14 години затвор, односно 7 години во втората судска инстанца. По усвојувањето на Законот за амнестија, во 1999 бил ослободен откако поминал речиси 2 години во затвор. Од основањето на Тетовскиот универзитет во 1994 година бил вклучен во структурите на финансирање и во процесот на предавање како предавач до 2003 година. До мартовските избори 2009 година работел и како универзитетски професор на Универзитетот на Југоосточна Европа во Тетово. Во 2008, после 13 годишна политичка пауза се вратил на македонската политичка сцена, каде учествувал на локалните избори во 2009 и станал градоначалник на Општина Гостивар[3].

На 27 март 2011 година, Османи во Скопје ја промовирал националистичката партија Националната демократска преродба, во која ја има позицијата на лидер.[1]На Парламентарните избори во 2011 година, неговата партија освоила два пратеници. На локалните избори во 2013 години го губи градоначалничкото место во општина Гостивир. На предвремените пармаментарни избори доби едно пратеничко место во Собранието на Р.М, по што си поднесе оставка од преседателската функција во партијата.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Досега има објавено повеќе научни и публицистички трудови во локални и регионални списанија од областа на економијата, политиката и образованието. “Алтернативна, политичка и економска мисла” е неговата прва книга. Додека пак, “Менаџерско книговодство” е негов универзитетски учебник.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Вренези, Наим (27 март). „Руфи Османи основаше партијата“ (на македонски). А1. http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=136027. посет. 27 март 2011 г. 
  2. „ПРАТЕНИЦИ НА КОИ ПОРАНО ИМ ПРЕСТАНАЛ МАНДАТОТ“ (на македонски). Собрание на Македонија. http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=5BAC661D14554B428FC6BCB703BA2033. посет. 15 февруари 2011 г. 
  3. Руфи Османи се враќа во политиката“, Вечер, сабота, 04 октомври 2008  :: Бр. 13918 (посет. 15 февруари 2011 г). (на македонски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Биографија - официјалното мрежно место на Општина Гостивар