Добри Дол (Гостиварско)
Добри Дол | |
![]() | |
Координати 20°53′14″N 20°53′14″E / 20.88722° СГШ; 20.88722° ИГДКоординати: 20°53′14″N 20°53′14″E / 20.88722° СГШ; 20.88722° ИГД | |
Општина | Врапчиште |
Население | 5.223 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1236 |
Шифра на КО | 07030 |
Надм. вис. | 528 м |
![]() |
Добри Дол — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, оддалечено 10 километри северно од Гостивар.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Гостиварската нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добри Дол живееле 940 жители, сите Албанци.[1]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Добри Дол — село во Пожаранска општина во Горнополошкиот срез и има 216 куќи и 1.489 жители, Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, во Добри Дол живеат 5.223 жители, од кои 5.206 Албанци, 2 Македонци, 1 Турчин и 14 останати.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 940[1] | 1.489[2] | 1.972 | 2.322 | 2.447 | 3.295 | 4.124 | 4.016 | 5.223 |
Родови[уреди | уреди извор]
Добри Дол е воглавно албанско село
Според истражувањата од 1951 година, родови во селото:
Маало Лица
- Доселеници: Лице (30 к.) доселени се од некое село во областа Љума, северна Албанија; Доче (20 к.) доселени се од селото Дочаја во областа Матија, северна Албанија; Меролар (9 к.) и Бајрам Ага (11 к.) доселени се од северна Албанија; Цаке (6 к.) доселени се од селото Ујмиште во Љума. Имаат роднини во Ѓургевиште; Горуше (11 к.) доселени се од некое село на Гора кај Призрен во Косово. Порано зборувале македонски
Маало Алиле
- Доселеници: Алиле (12 к.) доселени се од северна Албанија; Чечолар (8 к.) доселени се од местото Реч во северна Албанија; Шаракат (7 к.) доселени се од Чаје во Љума. Од Албанија, се иселиле тројца браќа, еден во Добри Дол, вториот во Ѓургевиште, а третиот во Теново; Бајрактар (7 к.) и Топче (9 к.) доселени се од северна Албанија; Ѓонке (14 к.) за нив се мисли дека се од словенско потекло;
Маало Јакупе
- Доселеници: Јакупе (18 к.) доселени се од северна Албанија; Лек (12 к.) доселени се од Малесија во северна Албанија; Бакиалар (12 к.) доселени се од Матија во северна Албанија; Калимеле (12 к.) доселени се од Дебарско; Оџалари (10 к.) гранка се од претходниот род; Сејдолар (7 к.) доселени се од Матија во северна Албанија.
Маало Али Синане
- Доселеници: Синан (9 к.), Али (8 к.) и Ризван (8 к.) доселени се од северна Албанија; Саколар (6 к.) од северна Албанија; Спајилар (12 к.) доселени се од Матија во северна Албанија; Незиралар (5 к.) исто така од Матија; Дурак (1 к.) и Нуредин (4 к.) доселени се од Албанија; Муни (4 к.) гранка се од родот Калимеле.
- Степе (5 к.) стар селски род. За нив некој вели дека се од словенско потекло.
- Дестан (1 к.) доселени се од селото Рестелица во Гора.
- Чапраз (2 к.) доселени се од селото Врапчиште. А таму од Мала Азија. Во Врапчиште имаат роднини. Нивното потекло е турско.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 436, 436/1, 437, 437/1, 438, 438/1, 439 и 439/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5.183 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Билен Салиу (р. 1975) - македонски правник и министер за правда на Македонија;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 213.
- ↑ 2,0 2,1 Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 26.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|