Речане
Речане | |
![]() Поглед на селото Речане | |
Координати 41°45′11″N 20°49′36″E / 41.75306° СГШ; 20.82667° ИГДКоординати: 41°45′11″N 20°49′36″E / 41.75306° СГШ; 20.82667° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 683 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 07065 |
Надм. вис. | 846 м |
![]() |
Речане — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Населбата се наоѓа во областа Горни Полог, во изворишното сливно подрачје на реката Вардар. Селото е ридско, на надморска височина од 740 метри.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Речане живееле 1.000 жители, сите Албанци.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото е дел од Врутовска општина во Горнополошкиот срез и има 214 куќи и 1.013 жители Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.054 жители, од кои 1.038 Албанци и 16 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 683 жители, од кои 1 Македонец, 664 Албанци и 18 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.000 | — | 1.314 | 1.471 | 1.640 | 1.679 | 1.380 | 15 | 995 | 1.054 | 683 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови[уреди | уреди извор]
Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Касалар (39 куќи). Потекнуваат од Љума (во северна Албанија), а овде дошле кон крајот на 18-от век.[11]
Речане е албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото:
- Мучле (23 к.), Лингур (2 к.) и Лескалар (20 к.) староседелци. најстарите предци го зборувале само македонскиот јазик. Сега веќе не се разликуваат од другите Албанци.
- Моналар (35 к.) доселени се од северна Албанија.
- Касалар (24 к.) и Касамлар (15 к.) доселени се од Љума во северна Албанија. Овде живеат од XVIII век.
- Меметалар (24 к.) и Ќерималар (32 к.) доселени се од северна Албанија.
- Асалар (11 к.) доселени се од Хас во северна Албанија.
- Бицалар (3 к.) доселени се од селото Биц во Љума, северна Албанија.
- Незиралар (8 к.), Заимлар (6 к.), Мустафалар (9 к.), Дакалар (6 к.) и Муслиалар (5 к.) доселени се од северна Албанија.
- Оџалар (4 к.) и Куртишалар (4 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија.[12]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат избирачките места бр. 528 и 528/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.097 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.257
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 213. ISBN 954430424X.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог: антропогеографска проучавања. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.