Долна Бањица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Долна Бањица
Dolna Banjica 03.JPG

Куќи во Долна Бањица

Долна Бањица is located in Македонија
Долна Бањица
Местоположба на Долна Бањица во Македонија
Координати 41°47′9″N 20°54′21″E / 41.78583° СГШ; 20.90583° ИГД / 41.78583; 20.90583Координати: 41°47′9″N 20°54′21″E / 41.78583° СГШ; 20.90583° ИГД / 41.78583; 20.90583
Општина Општина Гостивар
Население 4356 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 539 м
Commons-logo.svg Долна Бањица на Ризницата


Долна Бањица (турски: Aşağı Banisa) е населба во Гостивар. Се наоѓа во Горен Полог, а до 2004 година била седиште на истоимената Општина Долна Бањица Се наоѓа југозападно од градот Гостивар.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Долна Бањица е населба во склоп на градот Гостивар и припаѓа на неговата урбана зона. Се наоѓа на надморска височина од 543 m, и е една од најмирните населби во градот. До новата територијална поделба Долна Бањица функционирала како посебна општина.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Долна Бањица е позната по производството на кромиди и по познатиот Бањички домат јабучар.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долна Бањица живееле 786 жители, од кои 615 Албанци, 155 Македонци и 16 Роми.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Бањица имало 120 Македонци, од кои 72 патријаршист и 48 егзархисти.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долна Бањица е центар на општина од 4 села во Горнополошиот срез и има 142 куќи со 731 жител, Македонци и Роми.[3]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, населбата има 4.356 жители. Следува табела на националната структура на населението:[4]

Националност Вкупно
Македонци 355
Албанци 1.524
Турци 2.444
Роми 9
Власи 0
Срби 1
Бошњаци 0
Други 23

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[5]

Години Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 1.168
1953 264 939 218 13 9 ... 2 1.445
1961 325 240 898 ... ... 8 ... 27 1.498
1971 656 729 1.074 ... 15 ... 10 2.484
1981 1.405 1.540 1.234 136 27 ... 45 4.387
1994 1.150 2.810 1.236 189 14 ... 9 5.408
2002 355 1.524 2.444 9 1 23 4.356

Родови[уреди | уреди извор]

Долна Бањица е македонско-турско-албанско село.

Според истражувањата од 1940тите родови во селото се:

  • Македонци: Дамчевци (3 к.) доселени се од кумановско; Јоановци (6 к.) доселени се од селото Пожаране, таму биле староседелци. Ја знаат следната генеологија Јорде (жив на 66 год. во 1940тите) Тофил-Милче-Јоан, кој се доселил; Пандиловци (3 к.), Јовчевци (2 к.) и Милчевци (2 к.) доселени се од поречкото село Бенче; Симуновци (3 к.) доселени се од селото Горна Бањица, каде припаѓале на родот Бибовци; Милевци (2 к.) доселени се од селото Козичино, кичевско; Апостоловци (1 к.) доселени се од селото Тајмиште, кичевско; Арцевци (1 к.) доселени се однекаде.
  • Турци: Коленко (2 к.), Ѓоровци (6 к.) и Чеколар (5 к.) порано зборувале македонски и биле православни, но потоа се потурчиле, доселени се однекаде; Љоковци (14 к.), Чуп (8 к.), Зеќировци (4 к.), Ајдаровци (3 к.) и Љушалар (3 к.) наведените родови порано зборувале албански и биле доселени од денешна Албанија, но овде се потурчиле; Асановци (3 к.), Бурназлар (7 к.), Бручлари (4 к.), Дервишовци (4 к.), Јонуз Агини (8 к.), Баба Реџини (13 к.), Шеретлери (2 к.), Муса (2 к.) и Меметовци (2 к.) потекнуваат од вистински Турци. Нивните предци се доселиле од Мала Азија.
  • Албанци: Сељатин (1 к.), Рашит Колар (1 к.), Бише (1 к.), Табак (1 к.), Мимин (1 к.), Шукрија (1 к.), Ибраим (1 к.), Асан Симњица (2 к.), Селман (1 к.), Весел (1 к.), Селим (1 к.), Максут (1 к.) и Асановци (2 к.) најмлади родови во селото. Доселени се од околни полошки села. Право потекло им е од северна Албанија.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Апостол Петар“ во Долна Бањица

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  2. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.122-123.
  3. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр.25.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. 
  7. Granger, Anthony (November 18, 2013). „Türkvizyon: Ilkay Yusuf To Turkvision“. Eurovoix. конс. 2013-11-18. 
  8. Г.М., З. (December 7, 2013). „ТУРКОВИЗИЈА: Професорот од Гостивар е меѓу фаворитите“. Telegraf.mk. конс. 2013-12-08. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]