Лешница (Гостиварско)
| Лешница | |
Поглед на селото | |
| Координати 41°47′54″N 20°51′33″E / 41.79833°N 20.85917°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Горен Полог |
| Население во атар1 | 128 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 1230 |
| Повик. бр. | 042 |
| Шифра на КО | 07048 |
| Надм. вис. | 700 м |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Лешница — село во Општина Гостивар, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во областа Горен Полог, во подножјето на Шар Планина, во средишниот дел на територијата на Општина Гостивар, во горното сливно подрачје на реката Вардар.[2] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено околу пет километри.[2]
Лешница е сместена во долината на истоимената река, 2,5 км западно од соседното село Здуње. Се наоѓа во високи долински падини покриени со бујна вегетација. Во минатото, водата за пиење доаѓала од извори во и надвор од селото.[3]
До селото води асфалтен пат, кој започнува во Здуње.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Славче Дол, Резина, Гумниште, Попој Нивје, Црешна, Срејни Рид, Црвенки, Бранобрег, Чести Ореси, Горни и Долни Осој, Саграде, Речишта, Више Село, Манастириште, Бучкоец, Црквиште, Стара Корија, Селска Корија, Осој, Леска и Мојсоска Корија.[3]
Селото има збиен тип и се дели на три маала: Долно, Горно и Средно Маало. Поради својата компактна положба, во тесна долина помеѓу ридовите, Лешница има издолжен облик.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Според преданието, Лешница е едно од најстарите села во Гостиварско. За него постојат и пишани записи од средниот век. Еден потекнува од периодот помеѓу 1366 и 1371 година, во кој се споменува јеромонахот Михајло, родум од Лешница. Тој напишал книга во родното село, од чии записи се знае дека за време на владеењето на Цар Волкашин, управник на Полог бил еден извесен Гргур. Подоцна, свештеникот Михајло живеел во Дебреше. Селото се споменува и во турски документ од 1595 година.[3]
Меѓу народот се вели дека старото село се наоѓало на местото на денешното муслиманско Буфаљеска Маало во Здуње, под денешното село. Стара Лешница била големо село со околу 300 македонски куќи. Имено, неговото подрачје се протегало кон Долно Јеловце до превојот Нестин Дол, кон Гостивар границата стигнувала до средината на градот итн.[3]
Старото село се распаднало поради некоја чума. Дел од преживеаните жители се иселиле во Кичевско и таму основале истоимено село. Други се иселиле во Долен Полог, каде што го основале селото Лешница во тој крај.[3]
Над Лешница се наоѓа месноста Манастириште. Таму постоел манастирот „Св. Атанасиј“, кој го посетувале многу жители од околните села, а се собирале и за црковната слава. Остатоците на манастирот биле видливи до 1927 година, кога се отстранети при изградбата на параклис. На север, во месноста Резина, има камен крст посветен на Пресв. Богородица.[3]
Во Првата балканска војна, 11 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Атарот е мал и зафаќа простор од само 2,4 км2, така што нема некоја повидна земјоделска функција.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лешница живееле 140 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лешница имало 600 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Лешница — село во Долнојеловјанска општина во Горнополошкиот срез и има 17 куќи со 109 жители, сите Македонци.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]
Селото е мало. Тоа во 1961 година имало 169 жители, а во 1994 година 127 жители, македонско население.[2]
Според попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 3 жители, сите Македонци.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 88 Македонци, 31 Албанец и 9 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 140 | 600 | 182 | 183 | 169 | 133 | 109 | 123 | 127 | 3 | 128 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
[уреди | уреди извор]Лешница е македонско село, а населението се дели на староседелци и на доселеници.[3]
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Целосно се иселил родот Јосифои (1 к.), кои сега живеат во Вруток. Кон крајот на XIX век се доселиле и неколку македонски домаќинства од сега албанските села Равен и Врановци. Подоцна тие се иселиле од Лешница (Павле), а дел изумреле.[3]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Кон крајот на XIX век, Лешница било село во Гостиварската нахија на Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во рамките на Општина Гостивар, која била значително проширена со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно, во периодот 1996-2004 година, селото било дел од Општина Вруток.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дебреше, во која покрај Лешница се наоѓале Врановци, Горно Јеловце, Дебреше, Долно Јеловце, Здуње, Зубовце и Ново Село. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од тогашната општина Здуње во која влегувале селата Горно Јеловце, Долно Јеловце, Здуње и Лешница.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 532 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Цркви[18]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква.
Поврзано
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 233.
- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 241–242.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 859. ISBN 954-9800-52-0.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-12.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Лешница (Гостиварско) на Ризницата ?



