Церипашина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Церипашина

Поглед на Церипашина Планина со самиот врв Церипашина од Попова Шапка
Висина &100000000000025250000002.525 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Церипашина — планински врв на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Тој е составен дел на Шар Планина и неговата височина е 2.525 метри. Со името Церипашина Планина на топографските карти (и повеќе во минатото) се именува крајниот дел на планинската огранка на Шар Планина која се одвојува од главниот срт на протегање и на која се наоѓаат највисоките шарски врвови Титов Врв, Бакардан и Мал Турчин, а чиј краен дел е токму Церипашина Планина која ги опфаќа Син Врв и самиот врв Церипашина.

Непосредно до врвот води жичарница крај која води истоимената ски-патека на која што се одржува познатиот Шарпланински куп во скијање. Во непосредна близина на Церипашина Планина се највисоките шарски врвови: Титов Врв, Мал Турчин и Бакардан. На источните падини на Церипашина е сместен скијачкиот и туристички центар Попова Шапка.

Галерија[уреди | уреди извор]