Јелачки Црн Врв
Јелачки Црн Врв | |
---|---|
![]() Поглед на Јелачки Црн Врв | |
Висина | 1.890 м |
Место | ![]() |
Венец | Шар Планина |
Прво освојување | непознато |
Најлесна патека | Патека на вргањот (околу 4 часа)[1] |
Јелачки Црн Врв ― планински врв во месноста Јелак на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Македонија. Неговата височина е 1.890 метри.[1]
Местоположба и пристапност[уреди | уреди извор]

Јелачки Црн Врв се наоѓа на север од Попова Шапка во близина на поранешниот планинарски дом Јелак.[1]
Патеката е со должина од 5 км и се одвива од Планинарскиот дом „Смрека“ преку бандерите до сртот од 2000 мнв кои водат до разрушениот планинарски дом Јелак сè до Јелачки Црн Врв. Патеката е лесна и се движи во живописен предел од пасишта и иглолисен шумски појас сè до врвот кој е поставен на карактеристичен гребен. Искачувањето пред врвот конкретно се одвива по сртот на гребенот, едната страна на врвот е карпа додека другата е со стрмни пасишта, во овој дел е потребно внимателно движење. Од врвот се отвора прекрасен поглед кон средишниот дел од Шар планина. Патеката е добро маркирана и прегледна.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Јелачки Црн Врв (1890 мнв)“. pdtransverzalec.org.mk. 18 ноември 2017. Архивирано од изворникот на 2022-09-20. Посетено на 20 септември 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Јелачки Црн Врв“ на Ризницата ? |