Планинарски дом „Љуботен“
Планинарски дом „Љуботен“ | |
---|---|
Надм. вис. | 1630 |
Држава | Македонија |
Положба | под истоимениот врв |
Најблиска населба | ca. 4 км до Старо Село и Рогачево |
Изградба | |
Изграден во | 1931 |
Пристапност | |
Пристапен од | од селото Старо Село |
Планинарски дом „Љуботен“ — прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година. Домот е сместен на 1.630 метри надморска височина, под истоимениот врв.[1]
Историја[уреди | уреди извор]
Љуботен е прв и најстар планинарски дом во Македонија, изграден во 1931 година.[1]
Планинарскиот дом во текот на 2016 година бил реновиран и била извршена реконструкција на кровот.[2]
Положба[уреди | уреди извор]
Домот е поставен над букова шума и од него се отвора прекрасен поглед кон Полог и врвовите Љуботен, Козја Стена, Ливадица и Пирибег.[1]
Пристапност[уреди | уреди извор]
До домот се стигнува од селото Старо Село од каде води макадам пат, но и обележана патека, која започнува од информативната табла во селото.[1]
Особености[уреди | уреди извор]
Домот е отворен во текот на целата година, иако е пожелно најавување кај домарот.[1]
Капацитетот на домот е 35 легла, заедничка трпезарија и кујна. Домот има постојана електрична енергија и вода.[1]
Во домот може да се најави пијалак и храна, а по потреба и желба се подготвуваат и традиционални јадења.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Планинарски домови“. Посетено на 11 февруари 2018.
- ↑ „Планинарскиот дом Љуботен се реновира“. karas4training.com. 7 октомври 2016. Посетено на 11 февруари 2018.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Планинарски дом „Љуботен“ на Ризницата ?
Координати: 42°11′5″N 21°7′38″E / 42.18472° N; 21.12722° E