Попова Шапка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зимскиот центар Попова Шапка на Шар Планина
Попова Шапка во рамките на Македонија
Попова Шапка
Местоположба на Попова Шапка во Македонија

Попова Шапказимско-рекреативен центар во северозападниот дел на Македонија, именуван според истоимениот врв (1780 м) на Шар Планина кој се наоѓа во непосредна близина. Се одликува со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Административно влегува во атарот на селото Лисец, кое лежи пониско.

Манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје. Од Тетово води асфалтиран пат кој поминува низ попатните шарпланински села. Пред воените дејствија во 2001 г., до Попова Шапка можело да се стигне и преку гондолска жичарница долга околу 7 км. Но поради сериозни оштетувања за време на воените дејствија жичарницата е нефункционална. Почетната станица на жичарницата се наоѓа во близина на Арабати баба-теќе и за неполни четириесет минути можело да се стигне до Попова Шапка.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.

Сместувачки капацитети[уреди | уреди извор]

До Втората светска војна единствен објект на Попова Шапка бил Планинарскиот дом свечено пуштен во употреба на 11 ноември 1934 година,[1] за кој во еден новински напис од 1940 година се истакнува дека може да прими околу 130 луѓе, нема струја, но е поврзан со телефонска линија со Тетово, а преноќување чинело 5-6 динари за членови на планинарско друштво, 10-25 динари за сите други (зависно од тоа дали сместувањето е засебно или групно). Полн пансион чинел 32 динари. Превозот од Тетово траел 3 часа, а бил со изнајмен коњ за 10-20 динари до селото Лисец, па оттука до домот можело да се оди пешки.[2]

На Попова Шапка се изградени хотелите „Попова Шапка“, „Тетекс“, „Славија“, „Бора“ и други одморалишта. Во непосредна близина на Попова Шапка се наоѓаат местата Јелак, Лешница и Церипашина.

Спортски манифестации[уреди | уреди извор]

На Попова Шапка традиционалната се одржува манифестацијата „Шарпланински куп“.

Летно време се одржува планински велосипедски маратон „Шарски Води“, со почеток на Попова Шапка и крај во Бунец на Маврово. Традиционален меѓународен скијачки „Меморијал Стеве Илиески – Караѓуле“. Скијачкиот центар Попова Шапка располага со скијачки патеки во должина од 35 км, три хомогенизирани патеки според стандардите на ФИС, со 9 скилифтови и 2 двоседишници. Скијачките патеки се погодни за повеќе ски-дисциплини, а посебно се привлечни за скијачи-рекреативци.

Жичници и ски-лифтови[уреди | уреди извор]

Жичници:

1. „Шестосед Експрес“

- шестоседа жичница со исклопиви седишта со ветробрани
- година на изградба: 2019 год.
- должина: 1357 m
- капацитет: 2300 лица/час
- брзина: 5 m/s
- време на возење: околу 5 минути
- надморска височина на почетната станица: 1710 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1995 м.н.в..
- висинска разлика: 285 m
- производител: Лајтнер

2. „Церипашина“

- двоседа жичница со фиксни седишта
- должина: 2100 m
- капацитет: 1000 лица/час
- брзина: 2,3 m/s
- време на возење: околу 17 минути
- надморска височина на почетната станица: 1710 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 2380 м.н.в..
- висинска разлика: 670 m
- производител: GMM Gimar Montaz Mautino

3. „Св. Илија“ двосед

- двоседа жичница со фиксни седишта
- должина: 1209 m
- капацитет: 1000 лица/час
- брзина: 2,5 m/s
- време на возење: околу 8 минути и 50 секунди
- надморска височина на почетната станица: 1672 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1874 м.н.в..
- висинска разлика: 175 m
- производител: Лајтнер
Ски лифтови:

1. „Аеродром“

- сидро (котва)
- должина: 720 m
- капацитет: 1000 лица/час
- брзина: 2,5 m/s
- време на возење: околу 5 минути и 20 секунди
- надморска височина на почетната станица: 1735 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1835 м.н.в..
- висинска разлика: 100 m

2. „Тетекс 1“

- „тањир“ исклопиви
- должина: 350 m
- капацитет: 700 лица/час
- брзина: 3 m/s
- време на возење: околу 2 минути и 10 секунди
- надморска височина на почетната станица: 1675 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1755 м.н.в..
- висинска разлика: 80 m
- производител: Пома

3. „Тетекс 2“

- „тањир“ исклопиви
- должина: 350 m
- капацитет: 700 лица/час
- брзина: 3 m/s
- време на возење: околу 2 минути и 10 секунди
- надморска височина на почетната станица: 1675 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1755 м.н.в..
- висинска разлика: 80 m
- производител: Пома

4. „Ге“

- сидро (котва)
- должина: 639 m
- капацитет: 600 лица/час
- брзина: 2,5 m/s
- време на возење: околу 4 минути и 40 секунди
- надморска височина на почетната станица: 1833 м.н.в..
- надморска височина на крајната станица: 1966 м.н.в..
- висинска разлика: 133 m

5. „Ге тањир“ не е во функција

- „тањир“ исклопиви
- должина: 584 m
- капацитет: 600 лица/час
- брзина: 2,5 m/s
- време на возење: околу 4 минути и 20 секунди
- надморска висичина на почетната станица: 1835 м.н.в..
- надморска висичина на крајната станица: 1968 м.н.в..
- висинска разлика: 133 m
- производител: Пома

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Шапка — планина во југозападниот дел на Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Тетовскиот говор. Тетово: Дарко Гавровски. 2020. стр. 448–451. ISBN 978-608-245-615-7. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „1940 - весник Политика - „Попова Шапка рамен на Шамони и Сен Мориц". www.facebook.com (српски). Посетено на 2021-06-05.