Пена

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пена

View along Pena River - Outside Pasha's Mosque - Tetova (Tetovo) - Macedonia.jpg
Местоположба
Физички особености
УстиеВардар, кај с. Сараќино
Должина29,7 км
Особености на сливот
ТечениеВардарЕгејско Море
Камен мост на реката Пена во Тетово

Пена, во постарата литература Тетовска Бистрица, Тетовска Река (во некои пишани извори позната и како Шарска Река[1]) — најголемата шарпланинска река после Вардар во Полошката Котлина. Таа е и воедно најголема вардарска притока од шарпланинските реки. Во подалечното минато се нарекувала Хтетовчица.

Извор и устие[уреди | уреди извор]

Извориштето на реката започнува кај месноста Чабриолица и Борислоица, високо на Шар планина, на некаде околу 2.500 метри надморска висина. најпрвин течат две рекички, кои се соединуваат кај селата Вешала и Бозовце[2]..

Поминувајќи низ самиот центар на Тетово, таа се спушта во полошкото поле, и кај селото Сараќино се влева во Вардар.

Особености[уреди | уреди извор]

Извориштата на реката се на околу 2.500 метри надморска висина и со висинка разлика од околу 1.914 м. Реката е долга 29,7 км. Таа во своето корито прима 12 други реки, од кои најпознати се Караниколска Река, Пржина, Вејчка, Лешничка, Бродечка и други[3].

Значење[уреди | уреди извор]

Пена има големе значење за градот Тетово и како симбол, а и како објект од голем економски потенцијал. Од туристичка гледна точка, реката со својот див планонски тек и прекрасни водопади, мами голем број на туристи. Од економски аспект реката е важна, бидејќи на неа се наоѓаат 4 мали хидроцентрали, од кои едната е прва хидроцентрала во Македонија.

Во 1979 година, по поројните дождови реката има надојдено и поплавено голем дел од Тетово, при што нанела големи штети[4].

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр. 264
  2. Душан Кривокапиќ: „Шар-Планина“, издание на „Туристичка Штампа“, Белград, 1969 г.
  3. Живко Стефановски, Напредок Тетово, Шар Планина, стр. 68-70
  4. Кузман Најденоски: „Тетово во минатото“, издание од 1964 година. Печатница „Напредок“ Тетово