Градешка Река
| Градешка Река | |
|---|---|
Камениот мост во Зовиќ над Градешка Река | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Извор | |
| • место | Козјак |
| • надм. вис. | 1.600 м |
| Устие | |
• место | Црна Река |
• координати | 41°08′22″N 21°41′46″E / 41.13944°N 21.69611°E |
• надм. вис. | 410 м |
| Должина | 26 км |
| Големина на сливот | 116 км2[б 1] |
| Особености на сливот | |
| Течение | Црна Река → Вардар → Егејско Море |
| Речен слив | Вардар |
Градешка Река (понекогаш Градешничка Река[1]), позната и како Ковачица, Карлабашка Река, Старавинска Река, Урупска Река и Камена Река — река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река. Во минатото на оваа река работеле голем број воденици.[2] На реката е изграден познатиот Зовички мост.[3]
Течение
[уреди | уреди извор]Реката извира на планината Козјак на надморска височина од 1.600 м, а во Црна Река се влева под селото Чебрен на надморска височина од 410 м. Од Старавина до вливот во Црна Река долината на реката е кањонска.[4] Нејзина главна десна притока е реката Сатока која ја прима во месноста Еленик.[2]
Хидрографија
[уреди | уреди извор]Вкупната должина на реката изнесува 26 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 116 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.600 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 410 м, така што релативниот пад изнесува 45,8 ‰.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Течението на Градешка Река
- Поглед на Градешка Река
- Воздушен поглед на Градешка Река
- Градешка Река навлегува во клисура течејќи непосредно крај селото Зовиќ
- Градешка река кај селото Градешница
- Градешка река кај селото Градешница
- Поглед на Градешка Река
- Реката под Зовички мост
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 25. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- 1 2 „Градешка Река, Мариово“. Rural Adventure.
- ↑ „Макриевска, О. (2014). „Експертски извештај за историските знаменитости во општина Новаци“. Проект „Жива историја — жива природа. стр. 29.
- 1 2 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 7. Посетено на 6 октомври 2021.
Белешки
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Градешка Река на Ризницата ?