Воденица

Воденица или архаично дермен[1][2] — градба покрај река во кој се меле пченица и друга зрнеста храна, со помош на механизам што го движи силата на водата.
Историја
[уреди | уреди извор]Стар век
[уреди | уреди извор]Првите записи за водениците потекнуваат од I век пред н.е. од страна на Антипат од Солун. Водениците биле вообичаена глетка во Европа до почетокот на индустриската револуција.
Постојат два основни типа воденици, едниот тип е вертикален, и се напојува преку запчаник, а другиот тип е хоризонтална воденица без таков механизам. Првиот тип може понатаму да се подели, во зависност од тоа каде водата ги удира лопатките на воденичкото тркало. Грците ги измислиле двете главни компоненти на водениците, и заедно со Римјаните, користеле воденици со поднаклон, наднаклон и граден воден валјак.[3]
Најраните докази за воденичко тркало се дел од техничките трактати „Пневматика“ и „Параскевастика“ на грчкиот инженер Фило од Византион (околу 280-220 п.н.е.).[4] Грчкиот географ Страбон запишал во својата „Географија“ дека во близина на палатата на кралот Митрадат VI Евпатор во Кабира, Мала Азија, пред 71 година п.н.е. постоела мелница на воден погон.[5]
Среден век
[уреди | уреди извор]
Преживеаните докази за воденици се зголемиле со појавата на разни документи како што се манастирските грамоти, христијанската хагиографија и германските правни кодекси. Тие имале поголем интерес за документација на воденицата, бидејќи тоа било претежно рурален работен процес.[6][7] До каролиншкото време, споменувањата на водениците станале многубројни во франкиските записи.[8] Книгата на Страшниот суд, составена во 1086 година, бележи 5.624 воденици само во Англија.[9] До почетокот на 7 век, водениците биле добро воспоставени и во Ирска. Еден век подоцна тие почнале да се шират низ поранешната римска граница на Рајна и Дунав во другите делови на Германија.[10] Во едно истражување од 2005 година, научникот Адам Лукас ги идентификувал следниве први појавувања на различни типови индустриски мелници во Западна Европа. Забележлива е извонредната улога на Франција во воведувањето на нови иновативни употреби на водената енергија. Сепак, тој го привлече вниманието кон недостатокот на студии на оваа тема во неколку други земји.
| Прва појава на разни видови индустриски мелници во средновековна Европа, 770-1443[11] | |||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Вид | Година | Земја | |||||||||
| Мелница за слад | 770 | Франција | |||||||||
| Валавница | 1080 | Франција | |||||||||
| Мелница за штавење | околу 1134 | Франција | |||||||||
| Ковачница | околу 1200 | Англија, Франција | |||||||||
| Мелница за острење на алати | 1203 | Франција | |||||||||
| Мелница за коноп | 1209 | Франција | |||||||||
| Мев | 1269, 1283 | Словачка, Франција | |||||||||
| Производство на хартија[12] | 1282 | Шпанија | |||||||||
| Пилана | околу 1300 | Франција | |||||||||
| Мелница за кршење руда | 1317 | Германија | |||||||||
| Висока печка | 1384 | Франција | |||||||||
| Мелница за сечење железо | 1443 | Франција | |||||||||
Арапскиот свет
[уреди | уреди извор]Инженерите под калифатите ја усвоиле технологијата на воденици од поранешните провинции на Византиското Царство, која се применувала со векови во тие провинции пред муслиманските освојувања, вклучувајќи ги денешна Сирија, Јордан, Израел, Алжир, Тунис, Мароко и Шпанија.
Индустриската употреба на водениците во исламскиот свет датира од 7 век. Различни индустриски воденици се користеле во исламскиот свет, вклучувајќи мелници за брашно, пилани и други. До 11 век, секоја провинција низ целиот исламски свет имала од овие индустриски воденици во функција, од Ел-Андалус и Северна Африка до Блискиот Исток и Централна Азија.[13] Муслиманските и христијанските инженери од Блискиот Исток, исто така, користеле коленесто вратило и водни турбини, запчаници во воденици и машини за подигање вода, како и брани како извор на вода, што се користело за обезбедување дополнителна енергија на водениците и машините за подигање вода.[14] Валавниците и челичарите можно е да се прошириле од Ел-Андалус до христијанска Шпанија во 12 век. Индустриските воденици биле користени и во големи фабрички комплекси изградени во Ел-Андалус помеѓу 11 и 13 век.[15]Повеќе од 300 воденици работеле во Иран до 1960 година.[16] Денес работат само уште неколку. Една од познатите е воденицата во Аскзар и воденицата во градот Јазд, кои сè уште произведуваат брашно.
Воденицата како мотив во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Воденици“ — поема на македонскиот поет Матеја Матевски.[17]
- „Необична воденичарска песна“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.[18]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „дермен“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дермен“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Oleson 1984, стр. 325ff.; Oleson 2000, стр. 217–302; Donners, Waelkens & Deckers 2002, стр. 10−15; Wikander 2000, стр. 371−400
- ↑ Oleson 2000, стр. 233
- ↑ Wikander 1985, стр. 160; Wikander 2000, стр. 396
- ↑ Wikander 2000, стр. 372f.
- ↑ Wilson 2002, стр. 3
- ↑ Wikander 1985, стр. 170, fn. 45
- ↑ Gimpel 1977, стр. 11–12
- ↑ Wikander 2000, стр. 400
- ↑ Adam Robert Lucas, 'Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds. A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe', Technology and Culture, Vol. 46, (Jan. 2005), pp. 1-30 (17).
- ↑ Burns 1996, стр. 417f.
- ↑ Adam Robert, Lucas (2005). „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“. Technology and Culture. 46 (1): 1–30 [10]. doi:10.1353/tech.2005.0026. S2CID 109564224.
- ↑ Ahmad Y Hassan, Transfer Of Islamic Technology To The West, Part II: Transmission Of Islamic Engineering
- ↑ Adam Robert, Lucas (2005). „Industrial Milling in the Ancient and Medieval Worlds: A Survey of the Evidence for an Industrial Revolution in Medieval Europe“. Technology and Culture. 46 (1): 1–30 [11]. doi:10.1353/tech.2005.0026. S2CID 109564224.
- ↑ Conference of Qanat in Iran - water clock in Persia 1383, in Persian
- ↑ Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 232-237.
- ↑ Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 16.