Липковско Езеро
| Липковско Езеро | |
|---|---|
![]() Браната на езерото | |
| Координати | 42°10′11″N 21°34′13″E / 42.1697°N 21.5702°E |
| Вид | вештачко |
| Главни приливи | Думановка, Гошинка |
| Сливни земји | Македонија |
| Изградено | 1958 |
| Најг. должина | 1,48 км |
| Најг. ширина | 0,12 км |
| Надм. височина | 478 м |
| Острови | Липковски Остров |
Липковското Езеро — значајна хидромелиоративна акумулација во Кумановско. Браната на ова езеро е оддалечена 2 км од селото Липково и 12 км од Куманово. Изградено е во 1958 г. за водоснабдување, наводнување и производство на струја.[1] Акумулацијата се наоѓа на надморска височина од 478 метри, во долината на Липковска Река, десна притока на реката Пчиња. Должината на акумулацијата изнесува 1.480 м, а широчината 120 метри. Има зафатнина од 2,25 милиони м3.[1]
Акумулацијата Глажња се наоѓа на 5 км возводно од браната Липково. Овие две акумулации претставуваат систем кој овозможува рекреативности содржани со капење, сончање и риболов. Липковското е помало додека Глажња или уште познато како „Горно Езеро“ е многу поголемо. Покрај самата Липковска Река, настанало со преградување на реките Думановка и Гошинка. Составено е од два крака познати како Думановски и Гошински крак. На 350 метри низводно по езерото може да се забележи мал остров до кој кога езерото е полно може да се дојде само со чамец а летно време кога е празно може по копнен пат. Карактеристично за Думановскиот крак е што има потопено многу куќи, и една црква која сè уште може да се види кога водостојот опаѓа.
Реката Липковка е десна притока на река Кумановка, која е десна притока на Пчиња.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Липково"“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 801. Text "series " ignored (help)
| Оваа статија за езеро е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| ||||||||||||||||||||||


