Кумановска Река
Изглед
(Пренасочено од Кумановка (река))
| Кумановска Река | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Пчиња |
| Должина | 44 |
| Особености на сливот | |
Кумановска Река, Кумановка или Голема Река — река во североисточна Македонија. Извира на во источниот дел на планината Скопска Црна Гора, па минува низ градот Куманово и завршува како десна притока на Пчиња. Долга е 44 км, со вкупен пад од 1.060 м, при просек од 24,1 ‰.[1] Сливот зафаќа површина од 460 км2.
Најзначајна притока на реката е Липковска Река, на која се изградени акумулациите Липковско Езеро и Глажња. Сливот е оголен и затоа коритото е мошне водопропусно, поради што доаѓа до поплави.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Кумановска Река“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Кумановска Река“ на Ризницата ? |
