Тиквешко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тиквешко Езеро
Тиквешко Езеро - Залез над езерото
Залез над езерото
Тип вештачко
Главен дотек Црна Река
Главен истек Црна Река
Земји во сливот Македонија
Макс. должина 29 км
Површина 14 км2
Макс. длабочина 105 м
Острови Градиште и
неименувано островче во Брушани


Тиквешкото Езеровештачко езеро на Црна Река 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци. Езерото е настанато во 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м. Браната е изградена од нафрлан камен со глинено јадро чија должина изнесува 338 м.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Тиквешкото Езеро на север се граничи со вештачки создадената брана во близина на с. Возарци, на исток со атарите на населените места: Брушани, Ресава, Бегниште и Куманичево, како и висорамнината Витачево, на запад се граничи со атарите на с. Добротино, Праведник и планината Вишешница, а на југ со Мрежичко и Клиново.

Географска местоположба[уреди | уреди извор]

Тиквешкото езеро спрема својата географска положба може да се подели на два дела:

  • горен дел; кој се протега во правец запад-исток, во должина е 9 км, при полн капацитет на езерото со вода почнувајќи јужно од мигрираната населба Гудјаково, па се до сливот на реката Блашница во Тиквешкото езеро, и
  • долен дел; кој прави лак од 90 степени, почнувајќки од сливот на реката Блашницата па се до бранта на хидроелектраната "Тиквеш", во должина од 19,5 км и се протега во правец југ-север.

Вкупната должина на Тиквешкото езеро при полн капацитет со вода изнесува 28,5 км. Вкупниот волумен на водата во Тиквешкото езеро изнесува околу 400 милиони км3, при максимална кота на акумулацијата од 265м надморска висина. Корисен волумен на вода на акумулацијата изнесува околу 240 милиони м3, при што каналот за наводнување "Тисовец" се наоѓа на кота 245м надморска висина. Минималната кота на водата во акумулацијата е 233м надморска височина.

Клима[уреди | уреди извор]

Тиквешијата во климатски поглед претставува подрачје во кое се мешаат медитеранската, континенталната и планинската клима. Влијанието на медитеранската клима која продира од Егејското Море, по должината на реката Вардар, значајно влијае на зголемување на средната годишна температура. Тиквеш е еден од најтоплите реони во Р.М. Неговата средна годишна температура изнесува 14.1 C. Најтопол месец во годината е Јули, со средна температура од 25,6 C. Централната област на Тиквеш спаѓаше во најсувите подрачја во нашата земја. Годишен просек на врнежи за целото подрачје изнесува околу 420мм, од кои поголемиот дел спаѓа во вонвегетациониот период. Со изградбата на акумулацијата, видно се измените климатските услови во Тиквешијата. Во последните десетина година, есенско-зимскиот период е доста богат со врнежи, што пак допринесува за снижување на просечните температура во овој регион. Период се карактеризира со нешто пониски температура, така да сега има поблаги зими и посвежи летни периоди.

Острови[уреди | уреди извор]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Планинските масиви кои го оградуваа Тиквешкото Езеро се слабо зашумени, со исклучок на Мариовскиот дел и масивот Чатино, кои ја чинат десната обала од горниот дел на езерото. Планинските масиви од левата страна на езерото (долен дел), Голема Рудина - Вишешница - Мала Рудина, како и десната страна на долниот дел на езерото, кои ја чинат висорамнината Витачево - Самовилец се посиромашни со шуми. Шумите главно се листопадни и нискожбунести, кои не можат да се користат за индустриски цели. Најзастапени се следните видови: даб, габер, тиса, дива фоја, грипа, смрека, додека борот се јавува многу слабо на горната страна од езерото. На средниот дел од езерото, на левиот брег, северно од месноста Полошко се сретнува дрвото наречено „Гол човек“ (Arbutus andrachne) кое е зимзелено и претставува реткост во Европа. Карактеристично е за шумите, посебно дабот кој е доста богат со жир и претставува добра храна за голем дел на животинските видови (питоми и диви). Значајно е да напоменеме дека во овие планински предели може да се сретне разновиден дивеч, од кои најчесто се: дива свиња, срна, волкот, лисицата и зајакот. По целото крајбрежје се одгледува крупна стока и тоа: говедо од расата „буша“, која е практично најзастапена како и мал број товарни грла: коњи и мазги, додека од ситната стока се одгледува коза и мал број на свиња.

Со изградбата на акумулацијата, на целото крајбрежје, се населија разни видови на езерски птици, од кои најмногубројни се: корморан, сива чапја, дивите бели галеби, преку зимскиот период - диви шатки. Исто така, на овој предел, посебно карпестиот, на планината Вишешница и Голема Рудина, можат да се сретнат разни птици грабливки и тоа: кањата (Neophron percnopterus), белоглавиот орел и брадестиот орел кои се во изумирање, потоа соколот, и други.

Во Тиквешкото Езеро се констатирани повеќе видови риби од кои предмет на стопанската експлоатација се:

Хидропотенцијал[уреди | уреди извор]

Тиквешкото езеро е најголемо вештачко езеро по површина , длабочина и по должина во нашата земја, а второ по вкупното количество вода во него. Зафаќа површина од 14 км2 и должина од 29 км. Вкупната бруто-зафатнина во езерото изнасува 475 милиони м³ вода. Водата од Тиквешкото езеро се користи за наводнување и за добивање на електрична енергија. Наводнувањето се врши преку хидросистемотТиквеш“, а во близина на браната е подигната хидроцентралата Тиквеш.

Хидроелектрана "Тиквеш"[уреди | уреди извор]

Хидроелектранта "Тиквеш" односно браната на Тиквешката акумулација е оддалечена од вливот на Црна Река во Вардар околу 26 км, а околу 2,5 км пред излезот на реката Црна од својот кањонски дел на течението. Изградбата на браната и хидроелектранта "Тиквеш" на реката Црна со своите два агрегати е завршена 1968 година додека останатие два агрегати се пуштени во погон 1981 година. Дното на Црна Река на местото на браната се наоѓа на просечна кота од 165м надморска височина. Нивото на големи количини на вода во акумулацијата е на 270м надморска височина, додека котата на круната на преливниот шахт е на 265м надморска височина. Должината на браната изнесува 417м, а висината изнесува 105м. Ширината на основицата на браната (тампонирана - насипана од глина и чакал) изнесува 300м, додека ширината на круната на браната изнесува 14м. Енергетската вредност на акумулацијата со четирите агрегати изнесува 51.8 GW/h, со средно годишно производство од 220 GM/h, со инсталиран проток од 120 m3/sec и инсталирана моќ од 96 MW/h.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“, значаен споменик на културата од XIV век богато украсен со фрески. За него се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу сличен со охридските црковни градби. При зголемени дождови езерото го зголемува својот водостој, што може да доведе до излевање, а неретко и до поплавување на околните викендички[6].

Културно-историски споменици[уреди | уреди извор]

На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици, кои сеуште не се истражени и преставуваат културно-историски богатства во нашата држава. Од поновиот период, односно од Втората светска војна истотака има места кои одиграле заначјни улоги во НОБ. Од античкиот период на овој простор се откриени повеќе локалитети како например Римските гробишта кај с.Клиново и населба Црквиште. Од средновековните познати се: населбата Тиквеш, пештарската црква "св.Лазара" (во близина на вливот на реката Каменица во Тиквешкото езеро), Полошки манастир "св.Ѓорѓи" (споменик од 19век, пештарската црква "св.Марко" (во близина на с.Драдња) и др.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]