Коњарска Река (Мариово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коњарска Река
Коњарка
Течението на реката
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоНиџе (под Кајмакчалан)
 • надм. вис.2.260 м
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
40°58′55.1″N 21°39′43.9″E / 40.981972° СГШ; 21.662194° ИГД / 40.981972; 21.662194Координати: 40°58′55.1″N 21°39′43.9″E / 40.981972° СГШ; 21.662194° ИГД / 40.981972; 21.662194
 • надм. вис.
550 м
Должина15 км
Големина на сливот63 км2[б 1]
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Коњарска Река или Коњарка — река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово, и десна притока на Црна Река.

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира на планината Ниџе, под врвот Кајмакчалан, на надморска височина од 2.260 м. Нејзиното корито е насочено кон запад, а целиот нејзин слив е образуван во шумски предел. Во Црна Река се влева од нејзината десна страна под ридот Врх на надморска височина од 550 м.[2]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 15 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 63 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 2.260 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 550 м, така што релативниот пад изнесува 114 ‰ и се вбројува како еден од најголемите во Македонија.[2]

Туризам[уреди | уреди извор]

Во непосредна близина на вливот на Коњарска Река во Црна Река, на оддалеченост од 38 км од Битола, се наоѓа излетничкото место „Коњарка“. Тоа било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.[3] Во јули 2019 година започнало асфалтирање на патот од селото Скочивир до излетничкото место во должина од 3 км, а проектот финансиски бил поддржан од Јавното претпријатија за државни патишта во соработка со Општина Новаци.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Според друг извор, речниот слив зафаќа површина од 61,3 км2.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 38. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на Црна Река" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 7. Посетено на 30 ноември 2021.
  3. Коњарка – Излетничко место во близина на село Скочивир – фото галерија“. Оф Роуд - Македонија.
  4. Започна да се асфалтира патниот правец од с. Скочивир до река Коњарка“. Општина Новаци. 18 јули 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]