Коњарка (излетничко место)

Координати: 40°58′54.4″N 21°39′44.4″E / 40.981778° СГШ; 21.662333° ИГД / 40.981778; 21.662333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Излетничкото место „Коњарка“

Коњарка — излетничко место источно од селото Скочивир.

Географија[уреди | уреди извор]

Низ излетничкото место „Коњарка“ тече Коњарска Река, десна притока на Црна Река. По вливот на Коњарска Река во Црна Река, од север започнува Скочивирската Клисура, најдолгата клисура во Македонија. Од ловниот дом започнува планинскиот пат до Кајмакчалан, долг 25,5 километри.[1]

Уредување[уреди | уреди извор]

Излетничкото место било целосно уредено од страна на Општина Новаци и претставува едно од најпопуларните излетнички места во овој дел на Македонија.[2] Во јули 2019 година започнало асфалтирање на патот од селото Скочивир до излетничкото место во должина од 3 км, а проектот финансиски бил поддржан од Јавното претпријатија за државни патишта во соработка со Општина Новаци.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Излетничко место Коњарка“. Off road Macedonia. Посетено на 30 ноември 2021.
  2. Коњарка – Излетничко место во близина на село Скочивир – фото галерија“. Оф Роуд - Македонија.
  3. Започна да се асфалтира патниот правец од с. Скочивир до река Коњарка“. Општина Новаци. 18 јули 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

40°58′54.4″N 21°39′44.4″E / 40.981778° СГШ; 21.662333° ИГД / 40.981778; 21.662333