Оча
| Оча | |
|---|---|
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Извор | Караџица |
| • координати | 41°43′21″N 21°16′55″E / 41.72250°N 21.28194°E |
| • надм. вис. | Караџица (1.250 м)[1] |
| Устие | ез. Козјак |
• координати | 41°48′30″N 21°11′9″E / 41.80833°N 21.18583°E |
• надм. вис. | 392 м[1] |
| Должина | 17 км[1] |
| Особености на сливот | |
Оча — река во Поречието, северозападна Македонија, една од најзначајните понорници во земјата. Тече низ природниот резерват Јасен[1], и нејзиното поречие е значајно по разновидните ендемски и други видови, и нејзиниот горен дел подлежи на особено строга заштита.[1] Преку езерото Козјак завршува во сливот на Треска, и била нејзина притока пред создавањето на акумулацијата.[2] Главниот водотек е долг 17 км.[1] Зафаќа од сливно подрачје од 75 км2, намалено од претходните 81,3 км2 пред исполнувањето на акумулацијата Козјак, која зафатила дел од коритото.[1]
Течение и одлики
[уреди | уреди извор]Извира во западниот дел на планината Караџица, недалеку од месноста Јалоарник[3] и ги прима потоците Бурин Дол и Варен Дол како десни притоки. Се одликува со асиметрична долина, а во средниот тек тоне под земја.[2] Тече во северозападен правец, покрај падинската месност Подово, и по десниот брег ги одминува пештерите (поточно, поткапини) Црна Пеш и Веља Пеш кај Селиште во атарот на с. Тажево, каде го прима потокот Буков Дол од лева страна, а потоа минува крај пештерата Грнец од десно[3]. Оча потоа постепено се спушта на понизок терен во атарот на с. Брезница и го прима Широк Дол од десната страна. По неколку километри Оча навлегува во атарот на с. Здуње, каде во неа дотекуваат Козји Дол и Црковни Дол од левата. Последна притока ѝ е потокот Сремечки Дол во стрмнината Капина, со кој заедно ја образуваат северозападната граница на Сува Планина.
Оча се одликува слаб површински протек поради понорниот карактер (просечно само 0,4 м3/с), но затоа има забележителни наслаги и прегради од бигор кои се сметаат за природна знаменитост.[1]
Реката завршува влевајќи се во тесен залив во езерото Козјак на Треска кај археолошките наоѓалишта Градиште (Градец) и Подградец во атарот на Здуње. Овој залив е значаен како природно мрестилиште македонската пастрмка и затоа постои предлог за забрана на риболовот во него[1].
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“ (4 март 2011). „Студија за валоризација на природните вредности на повеќенаменско подрачје Јасен“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-04-18. Посетено на 11 февруари 2017. Недостасува
|author1=(help) - 1 2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 53. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- 1 2 О. Гичевски и сораб. „Природна карта на Општина Македонски Брод“ (PDF). Истражувачко друштво „Урсус Спелеос“. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-06-27. Посетено на 11 февруари 2017. Недостасува
|author1=(help)
| ||||||||||||||