Оризарска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оризарска Река
Orizarska reka vo Orizari.jpg
Оризарска Река во Оризари
Земја Македонија Македонија
Слив
Главен извор Царев Врв на Осогово
1510 m
Устие Брегалница кај село Теранци
Гол. на сливот 133 km²
Физички особености
Должина 30 km

Оризарска Река (Масалница) е река во источниот дел на Македонија, во атарот на општина Кочани. Таа е десна притока на реката Брегалница и извира на височина од 1.510 м, под Царев Врв на Осогово. Нејзината должина изнесува 30 км.

Реката настанува од две помали реки - Бела и Црна Река кои се соединуваат кај селото Речани. Оризарска Река зафаќа површина од 133 км2 и има релативен висински пад 39,5%.

До населбата Оризари реката има клисуреста долина и е позната како Оризарска Река, а потоа низ Кочанското поле, до вливот, тече како низинска река и е позната под името Масалница.