Беровско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Беровско Езеро
Ратевско Езеро
Беровско ЕзероРатевско Езеро - Поглед на Беровското Езеро
Поглед на Беровското Езеро
Координати 41°40′08.39″ СГШ 22°54′21.6″ ИГД / 41.669, 22.906
Тип вештачко
Земји во сливот Македонија Македонија
Макс. должина 2.500 м
Макс. ширина 350 м
Површина 75 хектари
Прос. длабочина 58
Надм. височина на површината 990 м
Острови нема
Населени места Берово

Беровско Езеро или Ратевско Езеровештачко езеро кое се наоѓа во Малешевијата непосредно до селото Ратево, односно гратчето Берово чии имиња ги носи напоредно.

Географски карактеристики[уреди | уреди извор]

Езерото се наоѓа по течението на Брегалница, во непосредна близина на Берово, односно на 7 км оддалеченост. Поради релативната висока надморска висина околу езерото температурите во лето во просек се движат од 23°С до 25°С, додека во ноќите температурата се спушта и до 12°С.

Туризам[уреди | уреди извор]

Поради поволната местоположба, чистата и недопрена природа покрај езерото се изградени голем број на туристички капацитети. Најголем е туристичкиот комплекс „Малешево“, потоа хотелот „Манастир“, кој има 40 кревети, и во „Ловниот дом“ во месноста Јуовец, кој располага само со десетина легла. Најнова градба е модерниот туристички комплекс на туристичката агенција „Аурора“. Во атрактивните излетнички места Абланица и Суви Лаки може да се ноќева само во приватните вили и викендички.

Езерото во последно време преку проекти масовно го посетуваат организарани странски туристи[1].

Проекти и заштита[уреди | уреди извор]

Поради големиот туристички развој на езерото од страна на локалната самоуправа Берово и владата на Република Македонија, обезбедена е проектна документација со која се дава техничко решение за прифаќање на фекални отпадни води со главен и секундарни колектори, како и техничко - технолошко решение за третман на отпадните води во пречистителна станица. Имено, покрај Беровското Езеро постојат изградени или се планираат да се изградат викендички од кои фекалната канализација се пушта слободно да тече по површината и истата понирајќи стигнува до водите на Беровско Езеро кои се користат за водоснабдување на Берово и околните села и за наводнување на земјоделски површини[2].

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

За езерото[уреди | уреди извор]

Туризам[уреди | уреди извор]