Биначка Морава
Биначка Морава | |
---|---|
Земја | ![]() ![]() ![]() |
Слив | |
Главен извор | near Скопска Црна Гора, Македонија |
Устие | со Прешевска Моравица ја образува Јужна Морава кај Бујановац |
Физички особености | |
Должина | 49 км |
Биначка Морава на Ризницата |
Биначка Морава — река што тече низ северна Македонија и јужна Србија (вкл. југоисточно Косово). Тече во правец југозапад-североисток, ја преминува границата со Србија, и по течение од 49 км кај Бујановац се спојува со Прешевска Моравица, образувајќи ја Јужна Морава.
Извор и течение[уреди | уреди извор]
Реката извира на планината Скопска Црна Гора, северно од Скопје. Се образува со слевањето на Кључевска и Слатинска Река, кои заедно ја сочинуваат Голема Река. Реката тече уште 4 км во Македонија, па ја преминува границата и го добива името Биначка Морава, по селото Бинач, Општина Витина. Понатаму тече покрај Витина, а потоа и крај Гнилане, за кое некогаш имала големо значење. Оттаму продолжува кон селата Доморовце и Кончуљ, па ја образува Јужна Морава заедно со Прешевска Моравица.