Западна Морава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Западна Морава
Поглед са Овчара- меандри Мораве.jpg
Поглед од Овчар
Земја Србија
Слив
Главен изворпланина Голија, североисточно од Сеница, Србија
145
Устиесо Јужна Морава ја формира Голема Морава кај Сталаќ, СрбијаГолема МораваДунав
43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД / 43.69917; 21.40500Координати: 43°41′57″N 21°24′18″E / 43.69917° СГШ; 21.40500° ИГД / 43.69917; 21.40500
Сливна повр.15,754 km2 (6,083 ми)[1]
Физички особености
Должина308 kм (1,010,000 ст)
Проток
  • Просечен:
    120 m3/s (4,200 cu ft/s)

Западна Морава (српски: Западна Морава) — река во Централна Србија со должина од 308 km, која, заедно со Јужна Морава ја прави Голема Моравија.

Извори[уреди | уреди извор]

Западна Морава настанува во полето Ташти, источно од Пожега, од реките Голијска Моравица и Ѓетиња. Во ова поле во Ѓетиња од левата страна се влива Скрапеж, но на помалку од еден километар од устието на Скрапеж, Ѓетиња се спојува со Голијска Моравица, создавајќи ја Западна Морава.  Мерено од изворот на Голијска Моравица, Западна Морава е со должина од 308 km, додека должината само на Западна Морава е 208 километри.

Тек[уреди | уреди извор]

Меандри на Западна Морава во овчарско-карајска клисура.


Економија[уреди | уреди извор]

Браната, Овчар Бања

Долината на Западна Морава, Западно Поморавје, економски е најразвиена од долините на трите Морави. Со долината на Ибар, Западна Морава има голем потенцијал за производство на електрична енергија (хидроелектраните Овчар Бања и Меѓувршје). Водата исто така се користи за наводнување, и за таа намена на реката е создадено вештачкото езеро Парменац, помагајќи му и на така плодниот регион (житарки, овоштарници). Покрај тоа, од долините на трите Морави, долината на Западна Морава е најпошумена.

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Во Западна Морава вкупно се влеваат 85 притоки. Реката била подолга (319 км), но поради регулацијата на протокот, таа е скратена. Западна Морава има просечен проток, од 125 метри кубни во секунда, но се карактеризира со екстремни колебања, кои од своја страна предизвикуваат големи поплави. Сливот на Западна Морава е 15.849 квадратни километри (42,3 % од целиот слив на Голема Морава), припаѓа на црноморскиот слив, а самата река не е пловна.

Галерија[уреди | уреди извор]

Види повеќе[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • „“. Мала енциклопедија Просвета (3). (1985). Београд: Просвета.
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Velika Morava River Basin, ICPDR, November 2009, p. 2