Каменичка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Каменичка Река
Каменица MK (8).JPG
Течението на реката низ Македонска Каменица
Слив
Главен изворОсоговски Планини (под врвот Руен)
1.840 м
УстиеБрегалница
445 м
41°59′00.8″N 22°35′18.7″E / 41.983556° N; 22.588528° E / 41.983556; 22.588528Координати: 41°59′00.8″N 22°35′18.7″E / 41.983556° N; 22.588528° E / 41.983556; 22.588528
Вис. разлика1.395 м
ТечениеБрегалницаВардарЕгејско Море
Сливна повр.115 км2
Физички особености
Должина23 км
Каменичка Река на Ризницата

Каменичка Река или Каменица[1]река во источниот дел на Македонија и десна притока на Брегалница.

Географија[уреди | уреди извор]

Течение[уреди | уреди извор]

Реката извира на планината Осогово, под врвот Руен, на надморска височина од 1.840 м. Нејзиното течение продолжува покрај рудникот Саса, низ селото Саса, покрај селото Моштица и низ градот Македонска Каменица. Реката се влева во Брегалница на надморска височина од 445 м, преку вештачкото езеро Калиманци, каде што се образува мала делта.[2][3]

Хидрографија[уреди | уреди извор]

Вкупната должина на реката изнесува 23 км. Сливното подрачје зафаќа површина од 115 км2 и припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1.840 м, а нејзиниот влив е на надморска височина од 445 м, така што релативниот пад изнесува 60‰.[2]

Во водите на реката е потврдено присуството на голем број опасни и штетни хемиски елементи, како што се: алуминиум, цинк, кадмиум, кобалт, манган, никел, олово и железо. Средните количества на алуминиум, кобалт, никел и железо се под МДК за води со квалитет од I-II класа, средните количества на кадмиум, манган и олово се под МДК за води со квалитет од III-IV класа, а средното количество на цинк е со три пати повисока вредност од МДК за води со квалитет од III-IV класа.[4]

Геоморфологија[уреди | уреди извор]

Сливното подрачје на Каменичка Река се смета за најерозивниот слив во Македонија со годишно производство на ерозивен материјал (нанос) од 151.167 W-м3. Како последица на ерозијата во сливот и преносот на ерозивниот материјал, во долниот тек на притоките се образувани огромни делувијални конуси од нанос,[5] а прекумерната ерозија исто така довела речното корито на Каменичка Река, слично како она на Радањска Река, да биде подигнато за 10-15 м.[6] Со цел да се задржи големиот нанос, во главното речно корито и притоките се изградени над 50 прегради.[7]

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Во тресетиштата околу изворите на реката е утврдено постоењето на неколку нови или ретки видови на дијатомејски алги од родот Евнотија.[8]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Рударство[уреди | уреди извор]

Покрај течението на реката е сместен рудникот „Саса“, а во долината на реката во тоа подрачје е сместено и истоименото јаловиште коешто е долго 1,5 км, широко 200 м и високо од 40-60 м.[9]

Енергетика[уреди | уреди извор]

Во близина на селото Саса, по течението на реката е изградена мала хидроелектрана со инсталирана моќност од 1.200 kW.[10]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 35. ISBN ISBN 978-9989-2117-6-8 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. 2,0 2,1 „Риболовна основа за риболовна вода „Слив на река Брегалница" за период 2016-2022“ (PDF). Скопје: Институт за сточарсво. стр. 5. Посетено на 2 февруари 2021.
  3. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 184. Посетено на 2 февруари 2021.
  4. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 89. Посетено на 2 февруари 2021.
  5. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 23. Посетено на 2 февруари 2021.
  6. Милевски И. (2008). „Геоморфолошки карактеристики на плавините во сливот на Радањска Река“. Географски разгледи. кн. 42-43, Скопје, стр. 43-61.
  7. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 24. Посетено на 2 февруари 2021.
  8. „Просторен план на источен плански регион 2013 - 2030 (нацрт)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 99. Посетено на 2 февруари 2021.
  9. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 214. Посетено на 2 февруари 2021.
  10. Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија – мали хидроелектроцентрали“. Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]